недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 83
home Вести

Ивица Бисовски е нов командир на ЕСЗ Тигар

Ивица Бисовски е нов командир на ЕСЗ Тигар

Ивица Бисоски од утрово е новиот командант на единицата за специјални задачи „Тигар“ при Mинистерството за внатрешни работи објави “Нетпрес“, повикувајќи се на свои извори.

Бисоски доаѓа на местото од досегашниот прв човек Митко Даневски.

Бисоски има долгогодишно искуство во ЕСЗ „Тигар“, учесник е во бројни полициски акции, антикриминалистички и операции за сузбивање на организираниот криминал.