сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 75
home Вести

Ивчева: Точно е дека Пендаровски е вмешан кога се пукаше врз Албанците во Гостивар и Тетово

Ивчева: Точно е дека Пендаровски е вмешан кога се пукаше врз Албанците во Гостивар и Тетово

Точно е дека Пендаровски е вмешан кога се пукаше врз Албанците во Гостивар и Тетово, напиша Наталија Ивчева, откако оваа тема се отвори на телевизискиот дуел помеѓу кандидатите за претседатели на МРТ.

„Стево Пендаровски го знам од деновите кога бев помошник министер за внатрешни работи.

Пендаровски од 96-97 година, до 2000-та, точно е дека беше помошник министер за аналитика, и точно е дека е вмешан во настаните во Гостивар и Тетово кога се пукаше врз Албанците со автомати.

Тоа што тој сака да каже дека тој не потпишувал наредби, што е точно, не го амнестира од одговорност бидејќи врз основа на неговите извештаи се потпишувале оперативни наредби од соодветните сектори.

Така да, Стево, не се обидувај да лажеш. Ја те знам“-напиша таа.

Коронавирус