вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 81
home Вести

Ивчева: Невидена иронија, немојте да кажувате гачки за вашите „реформи“ во администрацијата!

Ивчева: Невидена иронија, немојте да кажувате гачки за вашите „реформи“ во администрацијата!

Наталија Ивчева реагираше на симултаниот напад на јуришниците и професионалните „новинари“ на СДСМ врз заменик министерот за земјоделие, Трипуновски.

Ивчева во својот пост на ФБ вели:

„Чекајте бе другари, две децении квичиме дека администрацијата била килава, гломазна, „клати врата-земај плата“ и уште не знам си каков епитет. И сега кога министерот им улетал да ги сними дека навистина се такви, крив бил министерот.

Па што квичиме тогаш дека администрацијата требала да се реформира? Како ќе се реформира, ако секој обид истата да биде санкционирана се дефамира од актуелната власт која сака да ги добие токму нивните симпатии.

Значи да се разбереме, фактите се следни:

– Дополнителниот заменик-министер има право и обврска да ги контролира вработените во МЗШВ и да го контролира трошењето на државниот буџет.

– Парите кои ги зема тој ашљакот со нозете во вис, се мои, твои, наши и ваши пари. Значи ги зема парите за плата, за да работи, не да си ги потпира нозете на биро.

– Трифуновски во ниту еден момент не ги злоупотребил личните податоци на началникот на ПЕ Берово. Не ја нарушил ниту неговата приватност.

– Пазете иронија, приватноста му била нарушена.

Која приватност? Дома ли му влезе Трипуновски па му ја нарушил приватноста? Му влетал на РАБОТНО МЕСТО, го фатил дека не си ја работи работата, и толку. ТОА СЕ ФАКТИТЕ. Глумци во театар.

Малку е ова што го направил Трипуновски, да бев јас на лице место би добил отказно решение. Веднаш, без задршки. Ова треба да го прават СИТЕ министри. За жал, наместо министрите да го заштитат буџетот и граѓаните, тие (Манчевски, оној гревон на МЗШВ) ги штитат неработниците со небулози.

Најмалку што можеше да направи Манчевски е да го санкционира началникот на ПЕ Берово, ако навистина имал за цел реформирана администрација.

Затоа, немојте да кажувате гачки за вашите реформи во администрацијата….

Едно големо браво за Цветан.“