понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 107
home Вести

Ивановски: Првиот дел од пругата кон Бугарија Владата ветуваше дека ќе биде завршен до март 2019 година, а 3 години беа доволни за да се заврши автопатот Кичево-Охрид

Ивановски: Првиот дел од пругата кон Бугарија Владата ветуваше дека ќе биде завршен до март 2019 година, а 3 години беа доволни за да се заврши автопатот Кичево-Охрид

Претседателот на Комисијата за транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, Синиша Ивановски вечерва во гостување на Телма телевизија, истакна дека првиот дел од пругата кон Бугарија Владата ветуваше дека прво ќе биде завршен до март 2019, па до декември 2019, но сеуште ништо не е направено, како и тоа дека доволно беа три години за да се заврши автопатот Кичево-Охрид, чија траса е завршена во 2017 година.

-За ветувањата за Коридорот 8 актуелната власт велеше дека ќе биде направен до март 2019 година првиот дел од Куманово до Бељаковце, за потоа некаде пред март 2019 година да се пролонгира тој рок до декември 2019, а сега доаѓа декември 2020 година не е сеуште готов, вели Ивановски.

Ивановски истакна дека државата не посветува доволно внимание на овој Коридор, при тоа што отежнувачка околност е тоа што барем над 400 милиони евра би чинеле трите дела од Куманово – Бељаковце, Бељаковце-Крива Паланка, Крива Паланка- до границата со Бугарија.

-Ни првиот дел не успеваме да го завршиме, а власта не треба да го споменува веќе, затоа што граѓаните со доза на исмевање ја перцепираат пругата до Бугарија и затоа не би требало да биде тема, туку едноставно да се заврши, истакна Ивановски.

Ивановски објасни дека германската компанија „Вибе“ го раскина договорот за изведба на пругата, во чие образложение во нивното писмо дека има незавршени обврски од страна на Владата на Република Македонија.

-Сега треба да има нов тендер и нов изведувач што само по себе ја пролонгира постапката, вели Ивановски.

Тој во врска со врска со трасата Кичево-Охрид која СДСМ велеше дека е згрешена, вели дека може видливо да се процени дека тоа не е вистина, истата имала депроектирање на пет клучки , а во 2017 година била завршена целата траса.

Во градежништвото работите се видливи или се направени или не се направени, ова лето граѓаните кои се упатиле накај Кичево-Охрид, можеа да увидат дали нешто е направено или не, посочи Ивановски.

-Директорот на ЈПДП кажа дека преку двеста градежни машини работат, но трсата не говори за тоа, а министерот пред неколку дена кажа дека забрзано ќе се работи на тоа, но три години беа сосема доволен временски период ако не се заврши барем да се види забележителен прогрес во завршување на оваа делница, посочи Ивановски.

Ивановски вели дека во најголемиот туристички центар оваа година граѓаните се соочија со брутално лоши услови за возење према Охрид.

Коронавирус