недела, 9. мај 2021. Вести денес: 109
home Вести

Ивановски: По 2018 година не се знае што се случувало со градбите затоа законот за легализација на дивоградби се носи без дебата

Ивановски: По 2018 година не се знае што се случувало со градбите затоа законот за легализација на дивоградби се носи без дебата

Сега е актуелен законот за легализација на дивоградби и работата е што сега нема никаква бројка за колкав број на градби што се диво изградени се зборува. Или по 2018 година не се знае што се случувало, и затоа нема дебата и законот се носи по кратка постапка, рече Синиша Ивановски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во 2011 година имаше 450 илјади барања и тоа беше добар закон, околу 250 илјади се решени остануваат уште околу 200 илјади за решавање. Сега во законот се предвидува да се бара мислење од министерство за животна средина. Не може да се бара мислење за заштитено подрачје тој што градел во такво подрачје треба да се сруши, потоа има градби во близина на граница тоа е прашање на одбрана….Вакви случаи не можат да влезат во закон, посочи Ивановски.

Според него не е во ред што се воведува еден вид на специјална постапка како за сопственици на кабловски линии, кабловски оператори и сл.

-Тие можат со изјава на нотар и елаборат да завршат работа. Со ова ги ставате граѓаните во понеповолна положба од компаниите, рече Ивановски.

Инаку со предлог законот е предвидено се што се изградило до први октомври 2019 година да може да биде легализирано. Можност за легализација ќе имаат сите градби изградени без дозвола кои претставуваат функционелна целина и се приклучени на вода и струја до октомври. Освен цели објекти, ќе се легализираат и доградби и надградби.

Цената за легализација нема да биде по едно евро, туку ќе се плаќаат сите комуналии, зголемени за 50 насто. Од плаќање ќе бидат ослободени верските заедници кои граделе на диво верски објекти, јавните институции, како и социјалните случаи.

Коронавирус