недела, 22. мај 2022. Вести денес: 98
home Вести

Ивановски: Ковачевски е браникот на лошите политики на Заев, поради неспособноста на власта се случија трагедиите во Бугарија и Гостивар

Ивановски: Ковачевски е браникот на лошите политики на Заев, поради неспособноста на власта се случија трагедиите во Бугарија и Гостивар

„Јас лично имав мала надеж дека ќе дојде барем каква таква промена во ресорот на транспорт и врски, во тоа министерство. За жал остана исто. Тоа значи дека ќе останат исти наредните практики на неработење, на давање паушални соопштенија, на одложувања, на измами во ветувањата и на непридвижување на према напред односно оставување на Македонија како црна точка, слепо црево во инфраструктурата во однос на поврзување на Балканот“, истакна Синиша Ивановски, претседател на комисија за транспорт и врски при ВМРО-ДПМНЕ на радио „Лидер“.

Ивановски додаде дека политиката на оваа влада е доста лоша во однос на инфраструктурата.

„Ова што се случи и со оваа ситуација во Бугарија, со таа несреќа и онаа во Гостивар со „Дурмо транс“ 2019-та година чинам беше, е резултат на навлагање на корупцијата во сите пори во функционирањето на оваа држава, особено во ресорот на транспорт. Доколку беа запазени сите оние параметри како треба да се одвиваат ситуацијата во транспорт и врски, со давање на лиценци и со сите други потребни документации, ќе беше малку поинаку. Но, за жал во оваа држава би ја поделил на ДУИ држава и сите ние останати. Дури би ги вклучил тука и СДСМ. Да беше ова сопственик некој човек близу до ВМРО-ДПМНЕ немаше да разговараме досега, тој човек веќе ќе беше во притвор“, рече Ивановски.

Ивановски посочи дека со ДУИ бизнис нема играчка, никој не одговара за криминалите од кај нив.

„За жал починаа многу лица во таа несреќа во Бугарија, па и во онаа во Гостивар. И лекцијата не ја учиме, интересот е поважен од човечкиот живот во моментов. До таму за жал дојде работава. И затоа ниту јас, ниту населението во Македонија нема верба во оваа нова Влада што вчера се изгласа“, заклучи Ивановски.

Ивановски укажа дека Димитар Ковачевски е поставен да биде браникот на се она што се случуваше за претходниве 5 години.

„Целиот начин на владеење, на сите непочитувања на законите од оние за набавки, за тендери, до спроведување на се што е можно во државава Димитар Ковачевски е моментално браникот, штитот на тоа. Ковачевски нема да сработи ништо во својот мандат. Еден проект граѓаните нема да запомнат од Ковачески бидејќи ништо нема да реализира.“

Коронавирус