среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 160
home Вести

Ивановска: Владата со Лазаревски направи грешка во чекори

Ивановска: Владата со Лазаревски направи грешка во чекори

„Нас не известија дека има поднесено оставка Лазаревски, но знаете како е Владата именува и таа исто разрешува. Факт е дека г. Лазаревски не бил разрешен кога бил именуван за директор. А, законот е јасен дека не може истовремено службено лице да биде и член на Управен одбор. Тука е кристално јасно се“,појасни Билјана Ивановска, претседател на ДКСК при своето гостување во емисијата „24 анализа“.
Ивановска додаде дека во врска со Лазаревски Владата има направено грешка во чекори.

„Владата требало претходно ако сметала дека треба тоа лице да биде назначено за В.Д. директор претходно да го разреши. Разрешувањето се објавува и во Службен весник“, истакна Ивановска.

Ивановска посочи дека оставката не е битна, битно е разрешувањето. Со разрешувањето се добива решение. А, оставка ако дадеш можеби нема да ти се прифати.

Најнови вести

Коронавирус