вторник, 2. март 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ивановска: Поддршката од власта е декларативна, во зградата во која се всели Груби требаше да бидат ДКСК и Финансова полиција

Ивановска: Поддршката од власта е декларативна, во зградата во која се всели Груби требаше да бидат ДКСК и Финансова полиција

Претседателот на ДКСК, Билјана Ивановска во денешното гостување во „Утрински Брифинг“ истакна дека веќе почнале да го градат чувството дека поддршката од власта е декларативна.

-Владата искочи со јака политичка волја , го донесе законот за Комисијата и во тој закон беа утврдени јасно и прецизно надлежностите на Комисијата, меѓутоа и правата на Комисијата во смисла на тоа како таа ќе успева да ги обезбедува податоците итн. Ние за да си ја исполниме улогата треба да имаме одредени можности, не сме само за сликање, рече Ивановска.

Ивановска додаде дека кога и да се сретне со функционерите од власта секогаш едно исто и ветуваат дека просториите на ДКСК ќе бидат наскоро, но никако ветувањето да си го исполнат.

-Јас да ви кажам верував во приказната дека толку се парите особено со КОВИД кризата и навистина сметав дека дотука е силата и дека можеби и ние не треба да премногу притискаме да ни се купи простор по секоја цена. Всушност и за тоа отидовме на варијанта Б да се среди ова како може да се среди, меѓутоа да биде поевтино и од друга страна да се обезбеди неопходни услови за работа. Меѓутоа со последниве настани кога се изброија 14 милиони евра не верувам веќе во таа приказна дека нема пари за ДКСК, нагласи Ивановска.

Таапосочи дека во таа зграда кај што влезе Груби требаше да се всели ДКСК и Финансова полиција. Во таа зграда требаше да се влезат побитни институции кои треба да откриваат корупција и криминал.

Најнови вести

Коронавирус