петок, 14. мај 2021. Вести денес: 103
home Вести

Ивановска: Општина Центар што поскоро да побара суспензија на ДУП

Ивановска: Општина Центар што поскоро да побара суспензија на ДУП

Градоначалникот на Општина Центар треба да побара колку што е можно поскоро суспензија за Деталниот урбанистички план, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска. Со планот, меѓудругото, се предвидува изградба на висококатници кај паркингот наспроти хотелот Холидеј Ин во Скопје.

„Час поскоро градоначалникот на општина Центар треба да побара суспензија за овој план. Ние го работевме предметот, јавната набавка еден денар метар квадратен, ги укажавме ризиците од тоа што значи толку ниска цена, укажавме дека треба планот да биде усогласен со Генералниот урбанистички план, укажавме дека треба да формира посебно тело составено од професионалци, од архитекти, урбанисти, граѓани…сите оние коишто ќе дадат придонес и ќе обезбедат јавност на постапката“, вели Ивановска.

Најнови вести

Коронавирус