петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ивановска ја повика Лекарската комора: Веднаш да се побара одговорност од Асани, не може туку така здрави органи да се вадат на пациенти

Ивановска ја повика Лекарската комора: Веднаш да се побара одговорност од Асани, не може туку така здрави органи да се вадат на пациенти

Треба да се утврди одговорност за целиот процес кој што се случува на родилката. Мене навистина не ми е јасно како може некој да влезе во болница, да биде се во ред, и да излезе без три органи. Мислам дека тоа како граѓанин си го поставувам прашањето. Дотолку повеќе што според мене лиценцата што ја добива еден доктор значи дека тој е одговорен, дека тој е образован и дека тој е професионалец, и дека професионално ќе си ја заврши работата. И таа на некој начин треба да гарантира и безбедност на пациентите, мислам на овој начин навистина се губи довербата и во белите мантили, посочи Билјана Ивановска, претседател на ДКСК при јавување на „Утрински Брифинг“.

Ивановска повика Лекарската Комора да реагира и да побара одговорност од директорот на струшката болница.

– Она што можеби ние ќе го детектираме како случај во ДКСК е позицијата на господинот Асани како директор на клиниката. Бидејќи за него се утврдува дека има и ординација која што работи на диво. Значи тој не може да раководи, тоа е веќе конфликт на интерес кој може да гарантира дека тој не ги пренасочува своите пациенти во дивата ординација, појасни Ивановска.

Ивановска укажа дека од аспект на судир на интереси кај докторот Асани може да одлучува ДКСК.

Локални избори 2021