вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 146
home Вести

Ивановска: ЕУ, ГРЕКО и Транспаренси потврдуваат дека политиката влијае врз бизнисот

Ивановска: ЕУ, ГРЕКО и Транспаренси потврдуваат дека политиката влијае врз бизнисот

Билјана Ивановска од ДКСК во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за високото ниво на корупција во државата и посочи дека веќе втора година поред доаѓа до израз влијанието на политиката врз бизнисот.

-Се е поинаку кога и од надвор ќе се покажат истражувањата кои ние веќе претходно сме ги алармирале во државата. Ако се прифати дефиницијата општо прифатена дека кај нас корупцијата станала начин за живеење мислам дека ова не е чудно. Во ризиците од корупција кои ги подготвуваме водечко беше влијанието политиката, потоа владеење на право односно невладеење на правото во однос на неказнивоста, интегритетот, донесување на закони постапки, и се спомнуваат во овој извештај на Транспаресни и тоа втора година по ред доаѓа до израз влијанието на политиката врз бизнисот и тие препораки ги кажува и Греко. Истото тоа ни го кажува и Европската Комисија и тоа ние секако тоа така го ставаме на страна. Тие се состојбите во државата и оние работи кои сме ги дефинирале во националната стратегија како активности потребни за надминување на овие состојби час поскоро да се извршат, рече Ивановска.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија