недела, 18. април 2021. Вести денес: 91
home Вести

Иванов: Зголемување на буџетот на Армијата

Иванов: Зголемување на буџетот на Армијата

Како Врховен командат се залагам за зголемување на буџетот на Армијата на 2% со што ќе се подобри животниот стандард на припадниците на Армијата и ќе се спроведе нејзиното модернизирање. Ова го бараат новите безбедносни предизвици и нашите аспирации за членство во НАТО, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во годишното обраќање во Собранието на Република Македонија.

Според претседателот Иванов, Армијата на Република Македонија во 2017 година успешно ја изврши својата уставна и законска мисија, истакнувајќи ја нејзината улога во заштитата на јужната граница од заканата од илегална миграција, како и нејзиниот придонес во глобалната безбедност со нашето учество во меѓународните мировни операции.

Истакна дека идната мисија на Армијата на Република Македонија ќе се состои во четири задачи.

-Првата задача на Армијата ќе биде заштита на територијалниот интегритет и границите од илегална миграција и учество на АРМ во мировни операции на Обединетите нации во регионите од каде доаѓаат заканите. Потсетувам дека веќе 29 месеци сме во постојана прогласена кризна состојба за заканата од илегална миграција. Имаме преземена обврска за спроведување на одлуката на Европската Унија за да го држиме затворен Балканскиот коридор.

Второ, поддршка на полицијата во борба против урбаниот тероризам на целата територија. Оние кои од Македонија заминаа како екстремисти, сега се враќаат како терористи кои ги радикализираат нашите млади. Затоа, мора да има цивилно-воена соработка заради намалување на радикализацијата.

Трето, поддршка на кризниот менаџмент во справување со природни непогоди и загадувања.

-Конечно, четвртата улога на Армијата ќе биде развој на сајбер-одбраната и градење на систем на превенција и заштита на критичната инфраструктура, рече претседателот Иванов во годишното обраќање во Собранието на Република Македонија.

Коронавирус