четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 43
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

Иванов за смртта на Стефановски: Загубивме врвен драматург и прекрасен човек

Иванов за смртта на Стефановски: Загубивме врвен драматург и прекрасен човек

Претседателот Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство по повод смртта на драматургот Горан Стефановски.

Во писмото Иванов вели дека со тага ја примил веста за Стефановски и изразува длабоко сочувство до семејството и јавноста.

„Со прераната смрт на Горан Стефановски загубивме врвен драматург, но и голем ерудит, мислител и пред сè прекрасен човек кој со своето дело остави неизбришлива трага во нашето културно и општествено живеење. Горан Стефановски беше наш најпознат и најизведуван современ драмски автор чии драми оставија неизбришливи траги во нашиот театар и книжевност, претставувајќи своевидна луцидна панорама на нашето живеење и светоглед. Покрај маркантниот драмски опус, неизбришливи се и неговите остварувања во телевизискиот медиум, пред сè преку култната телевизиска серија ‘Бушава азбука’. Вечно ќе сме благодарни за творештвото што ни го остави, за сè што напиша, создаде и инспирираше“, се вели во писмото на Иванов.

Парламентарни избори 2020