сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 38
home Вести

Иванов: Уништена е 30 отсто од агентурната мрежа на државата, загрозени се животи

Иванов: Уништена е 30 отсто од агентурната мрежа на државата, загрозени се животи

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во годишното обраќање во Собранието истакна дека во изминатите три години, повеќе од 30% од идентитетите на нашите разузнавачи се откриени.

– Со тоа се предизвикани штетни последици од пропаднати операции во земјата и странство, загрозени се животи и уништена е агентурна мрежа за собирање на податоци, истакна Иванов.

Иванов порача дека е време да се врати јавната пристојност во јавната дебата.

– Нема посоодветно и подобро место за тој процес да започне од овој дом на демократијата. Пример треба да дадат и медиумите. На Република Македонија и е потребно слободно, независно и професионално новинарство, а не медиуми кои функционираат како експонати на политичките партии и пласираат лажни вести, рече Иванов.

Иванов во обраќањето се осврна и на потребата од борба против корупцијата и организираниот криминал и реформите во судството.

– Во тек се реформите во судството кои треба да се спроведуваат со еминентни, објективни и независни експерти, врз кои нема да се вршат партиски влијанија и притисоци. Само така ќе изградиме независно судство што ќе овозможи вистинско владеење на правото. Без сузбивање на криминалот и на корупцијата, на паразитската бирократија и клиентелизмот ние не можеме да градиме иднина за Република Македонија, порача Претседателот во обраќањето пред пратениците.

Коронавирус