петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 150
home Вести

ИВАНОВ СТАВИ ВЕТО: 21 забелешка и 19 противуставни членови на Законот за употреба на јазиците!

-Со овој закон Република Македонија ќе стане можеби единствената европска држава која сама си поставува услови за членство во Унијата кои никој не ги бара. За апсурдот да биде поголем, дури и укажувањата на претставниците од Европската унија не беа испочитувани и беа игнорирани.Европското знаменце е злоупотребено за со просто мнозинство да се донесе закон со кој се менуваат системски закони, коишто пак, се носат со двотретинско мнозинство, изјави Иванов.
ИВАНОВ СТАВИ ВЕТО: 21 забелешка и 19 противуставни членови на Законот за употреба на јазиците!

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, стави вето на Законот за употреба на јазиците што Собранието го изгласа на 11 декември.

Иванов, до македонското Собрание достави писмо со укажувања во кое јасно се наведени кои делови, членови и ставови од Законот за употреба на јазиците се спротивни и го кршат Уставот на Република Македонија.

Забелешките на кои укажува претседателот Иванов се нотирани на 14 страници во 21 точка, а се однесуваат на суштински забелешки во кои се појаснува апсурдноста и противуставноста на изгласаниот Закон за употреба на јазиците, вклучително и самиот назив на Законот.

Во правното образложение доставено од страна на претседателот Иванов, 19 членови од Законот за употреба на јазиците се наведени како противуставни. Спротивни на Уставот се нотираат членовите од 1 до 14, членот 16, 17, 22, 23 и 24. Посочените членови главно се во спротивност со Амандманот V од Уставот на Република Македонија. Во правната аргументација е посочено и прекршување на Амандманот VIII и на членовите 8, 9, 51, 52, 54 и 108 од Уставот на Република Македонија.

Врз основа на изнесената правна аргументација, Иванов во неговото денешно обраќање до македонската јавност, оцени дека Законот е репресивен и дека со него се фаворизира само албанскиот јазик.

 -Уште пред да биде изгласан, во повеќе наврати укажав дека не е добро кога прашања кои се веќе апсолвирани повторно да се отвараат заради добивање на краткорочни политички поени, а на штета на трајните интереси на Република Македонија и македонскиот народ, истакна Иванов.

Иванов изјави дека со овој закон се воведува многу скап паралелизам во сите органи на државната власт што води кон нивна целосна блокада и нефункционалност.

– Во услови на блокада постои опасност да се отвори прашањето за уставното редефинирање и загрозување на унитарноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија, предупреди македонскиот претседател.

Шефот на државата уште еднаш потенцираше дека Законот е донесен со европско знаменце, иако не постои европска директива за тоа.

Коронавирус