среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 140
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Вести

Иванов: Специјалистите не ги дочекаа 100.000 денари до крајот на мандатот на СДСМ, се остана лага и гол популизам

Иванов: Специјалистите не ги дочекаа 100.000 денари до крајот на мандатот на СДСМ, се остана лага и гол популизам

На денешната собраниска седница во Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Иванов изрази револт кон СДСМ за лагите кои ги пропагираат речиси целиот мандат. Имено, се работи за ветувањата за медицинските лица кои не само што не се исполнети, туку сеуште се користат како гол популизам.

“Во врска со ветувањата кои СДСМ ги вети на граѓаните, односно на медицинските лица, можам само да констатирам дека се работи за огромна лага која трае веќе речиси четири години. Вие како извршна власт, ветивте 100.000 денари плата за лекарите специјалисти на крајот од вашиот мандат. Крајот на вашиот мандат е за неполни 15 дена од денес, па кажете ни дали специјалистите имаат 100.000 денари плата или се остана само како празна флоскула?”, истакна Иванов.

Покрај лагите за медицинските работници, СДСМ шири популизам во сите области, па така и во буџетот се кратат средства за човечки потенцијал, кој се помалку се наоѓа во нашата држава и на голема жалост ја напушта државата секојдневно, заврши Иванов.

Најнови вести

Коронавирус