понеделник, 24. февруари 2020. Вести денес: 162
home Вести

Иванов со семејството на црковно-народниот собир во охридското село Скребатно

Иванов со семејството на црковно-народниот собир во охридското село Скребатно

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска со сопругата Маја и синот присуствуваа на големиот црковно-народен собир по повод православниот празник Успение на Пресвета Богородица кој секоја година се одржува во охридското село Скребатно.

Претседателот Иванов на бројните присутни православни верници им посака добро здравје, радост и среќа.

На празникот уште кај народот познат како Голема Богородица години наназад кај црквата посветена на Богородица во излетничкото место Скребатно традицонално се одржува голем црковно-народен собир на кој присуствуваат илјадници верници. Секоја година на празникот во Скребатно се одржува наддавање за светиот крст, а средствата собрани од учесниците во наддавањето се искористуваат за надградба и одржување на светиот храм и излетничкото место.

Црквата „Света Богородица“ во Скребатно целосно беше возобновена во 2004 година врз темелите на стариот храм, чија старост не е точно утврдена. Скребатно по прв пат во пишан документ се спомнува во 1583 година. Врз темелите на вековната традиција денешните генерации не само што ја чуваат верата и обичаите туку претставуваат и вистински пример како треба да се сака и надградува едно свето место.