вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 47
home Вести

Иванов присуствуваше на одбележувањето на христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики во Тетово

Во црквата на тетовското Кале која датира од крајот на осмиот век, традиционално се прославува христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики.
Иванов присуствуваше на одбележувањето на христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики во Тетово

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ја посети црквата „Св. Атанасиј“ во Тетово, по повод одбележувањето на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики.

Во црквата се одржа света божествена литургија со која чиноначалствуваа Протојереј-Ставрофор Мирко Станкоски и протојереј Дарко Наумоски којшто на присутните верници им посакаа мир, слога, љубов и благосостојба.

По повод празникот беше одржана и церемонија на осветување на празничниот колач, а потоа беа избрани кумовите за идната година.

Претседателот Иванов на присутните верници им го честита празникот Св. Атанасиј Велики и им посака здравје, радост и бериќет.

Во црквата на тетовското Кале која датира од крајот на осмиот век, традиционално се прославува христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики.

Според различни историски извори, црквата „Свети Атанасиј“ претставува еден од најстарите христијански црковни споменици во овој дел од Македонија.