петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Иванов оствари средба со Комесарот за човекови права на Советот на Европа

-Република Македонија останува цврсто определена за натамошна промоција на дефинираните стандарди за човековите права на меѓународно ниво и ќе соработува со земјите-членки на Советот на Европа во отворена и конструктивна атмосфера, со цел исполнување на целите и приоритетите, порача македонскиот претседател.
Иванов оствари средба со Комесарот за човекови права на Советот на Европа

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов денеска го прими Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс.

На средбата беа разменети мислења за тековните реформски процеси во Република Македонија, владеењето на правото и состојбите од аспект на почитување на човековите права.

Претседателот Иванов посочи дека Република Македонија негува највисоки стандарди во заштитата на човековите права и правата на заедниците, оценувајќи дека како унитарна држава со мултиетничко општетство, таа е најпозитивниот пример во регионот со својот модел на почитување на различностите.

Исто така, на средбата беа разменети мислења и за новиот Закон за употреба на јазиците, при што македонскиот претседател ги повтори аргументите поврзани со неговата одлука да не го потпише указот за негово прогласување.

Претседателот Иванов на средбата истакна дека Република Македонија има активна улога и дава суштински придонес во работата на Советот на Европа во насока на промовирање на свеста и почитување на човековите права и е целосно посветена на исполнување на стандардите содржани во Европската конвенција за човекови права.

-Република Македонија останува цврсто определена за натамошна промоција на дефинираните стандарди за човековите права на меѓународно ниво и ќе соработува со земјите-членки на Советот на Европа во отворена и конструктивна атмосфера, со цел исполнување на целите и приоритетите, порача македонскиот претседател.

Претседателот Иванов ја изрази подготвеноста на Република Македонија да ja продолжи блиската соработка со Канцеларијата на новиот комесар за човекови права на Советот на Европа.

Коронавирус