среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Иванов: Од законот за класифицирани информации спорни се членовите 60 и 75

Иванов: Од законот за класифицирани информации спорни се членовите 60 и 75

На денешната Собраниска расправа се обрати и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Иванов кој посочи дека во оваа фаза на законот за класифицирани информации поддршка ќе даде ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено од материјалите кои што ги добивме гледам дека акцентот е ставен пред се на усогласување со законот за инспекциски надзор, понатаму постои дел во кој што има обезбедување на лица кои ќе пријават класифицирана информација која се прикрива пречекорување на овластување, злоупотреба на функција или некое друго незаконско дејствие. Односно казниво дело, надлежен орган согласно законот за заштита на укажувачите како и давање на инкриминации на лицата кои што ќе одадат класифицирана информација со понизок степен на класификација од државна тајна, појасни Иванов.

Иванов истакна дека се има соодветни забелешки на законот, тие ќе бидат додадени во вид на амандмани во негово понатамошно разгледување.

Спорен ни е членот 60 во која една од формулациите каде што мое да се одземе безбедносниот сертификат е: „Намалена ментална способност за постапување со класифицирани информации“. Тоа треба да се допрецизира, да се доуреди кој е тој орган што ќе каже дали одредено лице има намалена ментална способност за постапување со класифицирани информации. Исто спорен ни е членот 75 во кој се воведува функцијата заменик директор, појасни Иванов.

Коронавирус