вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 167
home Вести

Иванов: Наредната 2018 година е можност НАТО да ја исправи неправдата од Букурешт

Иванов: Наредната 2018 година е можност НАТО да ја исправи неправдата од Букурешт

Единствен начин Македонија да се врати во нормала е ако час поскоро влезе во НАТО и добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во Годишното обраќање во Собранието на Република Македонија.

-Очекуваме Европската Унија да ја потврди својата политика на отворени врати. Република Македонија заслужено очекува на следниотсамит да добие безусловена препорака и отпочнување на преговорите за полноправно членство. Со овој чекор Унија de jure ќе ја препознае рамноправната и партнерската позиција на нашата држава кон градење на обединета, слободна и мирна Европа“, рече претседателот Иванов.

Покрај европската интеграција, како што рече претседателот Иванов, Република Македонија во континуитет покажува дека е доверлив стратешки партнер на НАТО Алијансата.

-Наредната 2018 година ќе се навршат две годишнини поврзани со НАТО: 25 години од едногласната одлука на Собранието од 23 декември 1993-та за стапување на Република Македонија во НАТО. И, 10 години од големото изневерување на нашите надежи на НАТО Самитот во Букурешт. Наредната 2018 година е можност НАТО да ја исправи неправдата од Букурешт. Тоа е историска шанса конечно да го завршиме она што го започнавме пред четврт век“, рече претседателот Иванов во обраќањето пред пратениците.

-Се додека мнозинството на граѓани ги поддржуваат овие стратегиски цели, ние сме должни да ги почитуваме. Но треба да имаме предвид дека краткорочните интерси на нашите партнери не секогаш кореспондираат со интересите на Република Македонија. Амбивалентноста кон Македонија денес е основа за нови кризи утре, рече претседателот Иванов во годишното обраќање во Собранието.

Коронавирус