недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Иванов на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна и на Парискиот мировен форум

Иванов на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна и на Парискиот мировен форум

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска – 11 ноември 2018 година, недела, престојува во работна посета на Француската Република, каде на покана на Претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, ќе присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

На церемонијата што ќе се одржи пред Триумфалната капија во Париз, свое обраќање ќе има Претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Предвидено е присуство на лидери чии земји се бореле во Европа од 1914 до 1918 година, како и земјите кои испратиле свои контингенти да војуваат во Европа.

Иванов ќе присуствува и на приемот, што за учесниците на церемонијата, ќе го приреди Претседателот на Француската Република, Емануел Макрон во Елисејската палата.

-Попладне, претседателот ќе присуствува и ќе се обрати на Парискиот мировен форум, што ќе се одржи на иницијатива на францускиот претседател. На отворањето на форумот ќе се обратат Претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, Канцеларот на СР Германија, Ангела Меркел и Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, се наведува во соопштението од Кабинетот.

За време на работната посета на Француската Република и присуството на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, претседателот Иванов ќе биде придружуван од сопругата, Маја Иванова, која ќе присуствува на приемот што ќе го приреди првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Коронавирус