среда, 2. декември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Иванов: Климент Охридски со своите благо угодни зборови го упати народот во верата

Иванов: Климент Охридски со своите благо угодни зборови го упати народот во верата

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, испрати честитка по повод празникот Св. Климент Охридски, до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан:

„Ваше Блаженство,

Дозволете ми, од свое име и од името на граѓаните на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, на преподобното свештенство, како и на сите православни верници во земјата и во странство, да Ви упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот празник Св. Климент Охридски.

Овој празник е посветен на првиот македонски архиепископ и најдаровитиот ученик на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски.

Климент Охридски со своите благо угодни зборови го упати народот во верата, а со своите дела се издигна кон божествениот и блажен живот.

Ликот и делото на Св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја. Неговото дело и мисија се должни за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазична посебност е исконска должност.

Чествувањето на вакви големи празници е темелна премиса за јакнење на духовноста и почитување на христијанските вредности.

Неговото црковно и просветно дело треба да биде наш пат, водилка и вечна инспирација за добри дела. Честит празник и за многу години“!

Коронавирус