понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 139
home Вести

Иванов ќе ја соопшти одлуката за законот за јазиците во законски предвидениот рок

Претседателот Ѓорге Иванов ќе ја соопшто одлуката во законски предвидениот рок по пристигнувањето на законот во кабинетот на претседателот на Република Македонија   
Иванов ќе ја соопшти одлуката за законот за јазиците во законски предвидениот рок

Како што информираат од кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов ќе ја соопшти одлуката во законски предвидениот рок по пристигнувањето на законот во кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Како што кажа Иванов во новогодишното обраќање, со овој закон, заради краткорочни политички поени се доведуваат во прашање трајните интереси на Република Македонија и македонскиот народ.

-Прво, барањето за двојазичност е апсолвирано со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој произлезе од Рамковниот договор, каде се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија. Колку што е опасно неспроведувањето на Рамковниот договор, толку е опасно и излегувањето од рамката што тој ја предвидува. Ќе потсетам дека Република Македонија е унитарна држава на сите нејзини рамноправни граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, христијани, муслимани, Евреи и атеисти. Тоа е она по што сме различни од другите, изјави Иванов во новогодишниот говор во Собранието.

Најнови вести

Коронавирус