вторник, 4. октомври 2022. Вести денес: 19
home Вести

Иванов и Јилдирим: Поканата за НАТО ќе биде дополнителен поттик за реформите и безбедноста

Иванов и Јилдирим: Поканата за НАТО ќе биде дополнителен поттик за реформите и безбедноста

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во рамки на официјалната посета на Република Турција, денеска во Анкара имаше средби со турскиот премиер Бинали Јилдирим и со претседателот на Големото национално собрание Исмаил Караман.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбите биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Турција, при што било оценето дека двете земји негуваат традиционално пријателски односи, со интензивни контакти на највисоко ниво.

Претседателот Иванов со премиерот Јилдирим и со претседателот на собранието Караман разменија информации за состојбите во двете земји и за актуелните состојби во регионот.

Коронавирус