понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 110
home Вести

Иванов до земјите-членки на ОН: Не ги менувајте одлуките за признавање на Република Македонија под нашето уставно име

Иванов до земјите-членки на ОН: Не ги менувајте одлуките за признавање на Република Македонија под нашето уставно име

Претседателот Иванов денеска од говорницата на Обединетите Нации во Њујорк,  ги повика сите држави кои веќе ја признале Република Македонија и воспоставиле дипломатски односи под нејзиното уставно име да не ги менуваат своите одлуки.

 „Покажете ја својата сувереност со тоа што ќе останете доследни на сопствените принципиелни одлуки што сте ги донеле без притисоци. Помогнете ни со тоа што ќе бидете чувари на нашето право на самоопределување, чувајќи го со тоа и вашето право на самоопределување“ нагласи претседателот Иванов на .

 Тој рече дека дека овој ирационален спор има штетни последици по Република Македонија и нејзините граѓани.

 „Поради грчките блокади, нам ни се одзеде правото на просперитет. Сето тоа, за жал, се одразува на одржливоста на македонското мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општество. Општество кое изминативе 27 годинин активно придонесува за мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и Европа“ изјави Иванов, додавајќи дека позицијата на официјална Атина не само што е спротивна на меѓународното право и на одлуката на македонските граѓани, таа е спротивна и на волјата на речиси 140 држави-членки на Обединетите нации кои на Република Македонија и го признаваат фундаменталното право на самоопределување и и се обраќаат под нејзиното уставно име.

Коронавирус