вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 77
home Вести

Иванов до Макрадули: Да се извините на граѓаните затоа што ветувавте чист воздух, а денес дишеме позагаден

Иванов до Макрадули: Да се извините на граѓаните затоа што ветувавте чист воздух, а денес дишеме позагаден

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Иванов на собраниската седница посочи дека СДСМ треба под итно да се извини на граѓаните на Република Македонија, бидејќи ветуваа пред изборите кога ќе дојдат на власт нема да дишеме загаден воздух, но еве по три години во државата се дише енормно загаден воздух.

Почитуван господине Макрадули слушнавме дека имате стратегија и план. Искрено да Ви кажам ваква шега одамна немам слушнато. Тоа е дека Социјалдемократскиот сојуз има стратегија и план за нешто воопшто, во овој случај како да се реши загадувањето, образложи Иванов.

Иванов додаде дека неговите колеги дадоа доста реплики, но Макрадули се уште не се извини на граѓаните на Република Македонија.

Зошто велам да им се извините? Затоа што вие во вашите предизборни програми не ветувавте дека ќе го намалите загадувањето, дека ќе се намали за 10,15 или 50%. Вие ветувавте дека кога ќе дојдете на власт веднаш истиот момент ќе го решите загадувањето во Република Македонија, истакна Иванов.

Иванов потсети на изјавата на Дамјан Манчевски од 05.02 каде што кажа дека загадувањето во Скопје вчера било 25 пати над дозволеното и обвини дека власта не преземала ништо за подобрување на ситуацијата. А, сега е така речиси секој ден. СДСМ вели дека не им верува на мерните инструменти, а тоа се истите мерни инструменти кои што ги донесоа на власт.