понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 153
home Вести

Иванов до католиците: Велигден да го поминете во духовен мир, хармонија, споделувајќи љубов во Вашите семејства

Честитајќи Ви го големиот празник, Ви посакувам Вам и на сите верници, овие велигденски празници да ги минете во духовен мир, хармонија, споделувајќи љубов во Вашите семејства.
Иванов до католиците: Велигден да го поминете во духовен мир, хармонија, споделувајќи љубов во Вашите семејства

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

Честитката на претседателот ја пренесуваме во продолжение

Почитуван д-р Стојанов,

Ми претставува особено задоволство, Вам и на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам христијанскиот празник – Велигден.

За Христијаните, денот на Христовото воскресение е најголемиот и најзначајниот ден во историјата на човештвото. Празнувајќи ја победата на Исус Христос над смртта, ние со благодарност ја прифаќаме единствената жртва што може да нѐ откупи и ослободи од силата на гревот. Овој празник е и потсетување дека секој човек има непроценлива вредност и неотуѓиво човечко достоинство, што е вродено право и заемна обврска да ги почитуваме и прифаќаме нашите ближни и соседи со сите нивни разлики.

Честитајќи Ви го големиот празник, Ви посакувам Вам и на сите верници, овие велигденски празници да ги минете во духовен мир, хармонија, споделувајќи љубов во Вашите семејства.

Христос воскресна!

Честит празник и за многу години.

Коронавирус