сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Иванов до Елези: Одбивте амандман кој што беше изгласан за приоритет на граѓаните

Иванов до Елези: Одбивте амандман кој што беше изгласан за приоритет на граѓаните

Иван Иванов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет предложи амандман со кој би требало да се обезбедат средства во висина од 50 милиони денари за изградба на кружен тек во централно градско подрачје помеѓу улиците „Никола Карев“, „Стево Тодосиевски“, „Глигор Апостолов“ и Булевар „ВМРО“ со што би се заменило досегашното сообраќајно решение и би се подигнало нивото на безбедност во сообраќајот.

Заменичката на министерот за финансии, Ширете Елези го одби амандманот предложен од пратеникот Иван Иванов.

Иванов посочи дека кога се разгледуваше ребалансот на Буџет значи навистина станува збор за едни малку поголеми средства кои што општината сама не е во можност да ги обезбеди. Инаку овој кружен тек е приоритет и на граѓаните, односно е избран на јавните расправи кога беше за буџетски форум на општините и мислам дека беше изгласан за приоритет на граѓаните.

Навистина станува збор за едно тесно грло сообраќајно во градот и се случува навистина посебно во термините кога се поаѓа или се доаѓа од работа или кога учениците одат во училиште. Тогаш настанува сообраќаен хаос со ваков кружен тек верувајте дека тоа ќе се надмине и ќе се намали загадувањето, кое што е приоритет на сите нас, појасни Иванов.

Коронавирус