четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 142
home Вести

Иванов: АРМ покажа дека може да се спротистави со сите предизвици со кои се соочува

- Армијата се покажа дека може да се спротивстави со сите предизвици со кои се соочува. Видовме каква е  улогата на Армијата во чување на Република Македонија, во илегалната миграција, колку е таа вклучена и подготвена да излезе во пресрет на сите предизвици на кризниот менаџмент и која секојпат е прва во сите елементарни непогоди и се она што е неопходно кога треба да се помогне, изјави Иванов.
Иванов: АРМ покажа дека може да се спротистави со сите предизвици со кои се соочува

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов денеска на првиот ден од годината традиционално ги посети припадниците на АРМ во касарната „Чојлија“.

Честитајќи им ја Новата Година, Иванов им посака исполнување на желбите и како што рече исполнување на она што е долгогодишна желба на сите припадници на АРМ, а тоа е конечно да бидеме дел од НАТО, бидејќи сме покажале подготвеност и исполнетост на сите стандарди.

– Армијата се покажа дека може да се спротивстави со сите предизвици со кои се соочува. Видовме каква е  улогата на Армијата во чување на Република Македонија, во илегалната миграција, колку е таа вклучена и подготвена да излезе во пресрет на сите предизвици на кризниот менаџмент и која секојпат е прва во сите елементарни непогоди и се она што е неопходно кога треба да се помогне, изјави Иванов.

Нагласи дека живееме во свет којшто е непредвидлив и во кој постојат нови начини на војување поради што Армијата мора да располага со современи средства и да биде подготвана за сајбер напади.

На единиците во касарната „Чојлија“, претседателот Иванов им додели телевизор, а тие изведоа показна вежба како се укопува тенк и се подготвува за напад.

Коронавирус