понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 176
home Вести

„Иван Џолев со партиското соопштение призна дека го прекршил законот“

„Иван Џолев со партиското соопштение призна дека го прекршил законот“

Соопштението на Претседателот на Судот Иван Џолев е исто како да го пишувал Зоран Заев, со политички оценки, а без правни аргументи. Денешното партиско соопштение на Претседателот на Судот Иван Џолев, ги оправдува уште еднаш епитетите за „Сваровски“, „Луј Витон“, „Трас трас” судство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Џолев во суштина признава дека незаконски има судија поротник (Митко Сандев) кој активно постапува во судските случаеви надвор од пропишаниот закон. Иван Џолев признавајќи ја вината за незаконското делување и постапување на судијата поротник, ја префрла целата вина на Судскиот Совет, кој пак имаше седница пред само два дена и разреши судија поротник за токму истата причина. Иван Џолев е виновен за незаконското постапување во врска со овој случај, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Член 80 од Законот за Судови е и повеќе од јасен дека со навршување на 60 години на судија поротник, му прекинува мандатот веднаш и нема ниту една друга алтернатива.

Иван Џолев призна дека денешното рочиште за случајот „Талир“ е незаконито, вклучително и казната за ВМРО-ДПМНЕ е неоснована. ВМРО-ДПМНЕ денеска беше казнето парично само затоа што бараше судијата Осман Шабани да го почитува законот.

Кога Судот во Република Македонија не ги почитува законите мислејќи дека е неказнив, тогаш самиот го руши правниот систем, а за тоа се носи одговорност.

Иван Џолев има две правни опции: Или ќе го почитува Законот или ќе одговара за свесно кршење на Законот со политичка намера“.

Најнови вести

Коронавирус