недела, 27. септември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Итната медицинска помош со препораки до граѓаните за празниците

Итната медицинска помош со препораки до граѓаните за празниците

Во пресрет на прославите за новогодишните и божиќните празници, службата за Итна медицинска помош упати препораки до граѓаните со  цел да се избегнат несакани последици.

Препорачува редовно земање терапија кај хроничните болни, лицата кои се придржувале на божиќниот пост да внимаваат со внес на храна, и умерено да се користат алкохолни пијалоци за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди.

Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, како и да се воздржат од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје”-Скопје најавува дека за новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ Итната медицинска помош ќе располага со 10 медицински тима и осум дежурни ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ченто“, „Шуто Оризари“, „Ѓорче Петров“, „Драчево“, „Идадија“ и „Бит Пазар“. Истовремено со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

– Се надеваме на беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки како би можеле новогодишните празници да ги  дочекаме  во весело и пријатно расположение за сите, наведува Здравствен дом Скопје.

Коронавирус