петок, 25. септември 2020. Вести денес: 85
home Вести

Истрага за разбојништво во казино во Кочани, осомничениот фатен на граница

Истрага за разбојништво во казино во Кочани, осомничениот фатен на граница

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 22 декември, во казино на улицата „Маршал Тито“ во Кочани, употребил сила врз двајца вработени и одзел пари во вкупен износ од 76.400 денари со намера противправно да ги присвои.

-Имено, кога вработена во казиното од апарат за игри на среќа извадила кутија со пари, односно таканаречен „стакер“, осомничениот и пришол, со сила почнал да ја турка и да ја влече кутијата. При обидот да и ја одземе кутијата и нанел и телесни повреди на рацете. Друг вработен се обидел да ја заштити оштетената, но осомничениот и него започнал да го удира, турка и влече. Откако ја одзел кутијата во која имало пари во различни апоени, осомничениот излегол од казиното и побегнал, упатувајќи се кон граничниот премин со Република Бугарија кај Делчево со намера да ја напушти државата. Притоа, бил забележан и лишен од слобода од страна на полициските службеници на граничниот премин, се наведува во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител ги ценеше сите околности во предметот, особено опасноста од бегство на која упатува однесувањето на осомничениот веднаш по настанот и фактот што тој од 2009 година имал пријавено престојувалиште во Италија каде живее негов близок роднина и каде имал намера да замине со неговото семејство. Освен ова, обвинителот оцени дека постои опасност осомничениот да влијае врз сведоците во кривичната постапка, па до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Коронавирус