среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

Истрага за недозволена трговија со марихуана во Скопје

Истрага за недозволена трговија со марихуана во Скопје

Скопското јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен скопјанец за недозволена трговија со марихуана.

-Осомничениот 23-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал, држел наркотична дрога марихуана во вкупна нето количина од 486,04 грама, спакувана во повеќе полиетиленски пакувања со различна грамажа, како и едно полиетиленско пакување со 4,04 грама психотропна супстанција – амфетамин. Дрогата била пронајдена при претрес на 24 април, при што биле одземени и две дигитални ваги, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да се даде во бегство или да го повтори делото.​

ЕУРО 2020

Македонија