вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 152
home Вести

Истите стерилни соопштенија на СДСМ служат за мајтап: ВМРО-ДПМНЕ пушти соопштение со кое го предвиде соопштението на СДСМ

Истите стерилни соопштенија на СДСМ служат за мајтап: ВМРО-ДПМНЕ пушти соопштение со кое го предвиде соопштението на СДСМ

Вообичаено е праксата на двете најголеми политички партии во Македонија до медиумите да испраќаат утрински соопштенија. А она што е видливо е дека владејачката СДСМ веќе неколку недели пушта исто стерилно соопштение за референдумот. Денеска ВМРО-ДПМНЕ пушти соопштение со кое го предвиде соопштението на СДСМ, кое дојде само 20 минути подоцна од тоа соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Стандардно, веројатно за половина час од сега СДСМ ќе го пушти истото, ископирано, стерилно и безидејно соопштение со тези кои се преповторуваат и се уште еден доказ за летаргијата во нивната партија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму се додава, „не дека сме видовити, туку ова се потпира на искуството во претходните недели, каде СДСМ како на расипана грамафонска плоча повторува исти фалични тези за референдумот, прозива, манипулира, го повикува ВМРО ДПМНЕ итн. Веројатно наместо на работа, луѓето од СДСМ се посветени на криминал. Но тоа нема да го покрие нивниот срам од договорот ниту ќе ги дефокусира аферите кои се случуваат на дневна основа, како и заклучокот дека нема ниту иднина, ниту ЕУ со криминал на кое посветено целото раководство на партијата на власт, со корупција која е највисока во Европа, и која е констатирана од европската унија, со образование кое е на опашката по квалитет во светски рамки, и економија која е на дното во Европа“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Дваесет минути подоцна пристигна исто стерилно соопштени во кои денови наназад се тврди: „Граѓаните се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот и не кажуваат за што се…“

Коронавирус