четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Исповед на жртвата Ана за КУРИР: Се разочарав од полицијата и нивниот третман, еве каква казна би им одредила на креаторите на „Јавна соба“ (ВИДЕО)

Исповед на жртвата Ана за КУРИР: Се разочарав од полицијата и нивниот третман, еве каква казна би им одредила на креаторите на „Јавна соба“ (ВИДЕО)

Никој не може да одговори како јас се најдов во „Јавна соба“, таму има многу девојки, така да ете некој мислел дека ете мене треба да ме стави таму и да ме објави мене и мојот телефонски број. За почеток на повиците не одговарав, а повиците беа „здраво како си“ и стартно не знае што се случува и од каде доаѓа тоа, ова во интервју за КУРИР го истакна Ана Колева која е една од жртвите кои овие денови гласно говореа за тоа што го доживуваат на сопствена кожа.

-На лице место кога го добив одговорот од полицијата дека со тоа што јас сум полнолетна и дека нема закон за тоа видов дека не само јас, туку било која девојка која отишла да пријави истото ја снашло и беше тоа мотивот што ме натера да направам нешто и да издејствувам да се смени тоа и кога ќе се обратиме во институција да добиеме соодветна заштита и соодветна постапка, вели Колева.

Таа додава дека на почеток се двоумела да го сними видеото, но потоа се одлучила на тој потег.

Целото интервју за КУРИР погледнете го во продолжение:

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија