понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 134
home Вести

Исповед на Цветковиќ: Власта не е добра ама невладините “шарени“ не мислат повеќе да се борат

Исповед на Цветковиќ: Власта не е добра ама невладините “шарени“ не мислат повеќе да се борат

Ирена Цветковиќ, која беше еден од најголемите поддржувачи на Шарената револуција и други протести организирани од СДСМ додека партијата беше во опозиција, сега гласно го искажува својот револт.

Таа на својот Фејсбук пишува:

„Каде се Шарените сега?
Драги заинтересирани,
Шарените се тука, уморни и разочарани. Тука сме, во фиром, измрцварени, секој со својата траума. Се справуваме кој како може и знае.
10 години од нашите животи посветивме по улици, тротоари, плоштади. Протестиравме, се боревме и сонувавме за промени заедно. Губевме време, нерви, здравје, некои од нас и работа, пријатели, членови на семејство.
Се боревме за право на абортус, за човекови права, за универзитетска автономија, против полициска бруталност. Се боревме за слобода и правда, се боревме против режим. Бутнавме власт и добивме нова. Знаеме дека новата не е ни приближно добра како што се надевавме. Не барајте од нас и оваа битка да ја водиме.
Една власт симнавме низ протести. Немаме резервни животи за уште една деценија ист пат. Секој човек има сила за една голема битка. И толку.
Не ме барајте више за протести. Уморна сум, прегорена, разочарана. Од 10 години борба против режим заработив депресија, анксиозност и пристап до мир единствено преку апатија.
Вие сте на ред. Шарена заврши. Еве ви ги улиците, тротоарите, плоштадите. Борете се сега и за нас“.

Коронавирус