петок, 30. септември 2022. Вести денес: 102
home Вести

Исповед на битолчанецот кој ги загуби најблиските во пожар: Гледав како горат сопругата и синот, но не можев да ги спасам

Исповед на битолчанецот кој ги загуби најблиските во пожар: Гледав како горат сопругата и синот, но не можев да ги спасам

Вистинска семејна трагедија се случи во Битола. Вчера, рано утрото, кога се раѓаше новиот ден, згаснаа животите на 53-годишната Фатма А. и на нејзиниот 17-годишен син Дарко, а тешки изгореници од гаснењето на пожарот добил шеесетгодишниот Томе А., кој трауматизиран од настанот, бил хоспитализиран во битолската Клиничка болница, пишува Нова Македонија.

Соседите, кои направиле сѐ да го изгаснат пожарот и да ги спасат своите соседи, Фатма и синот Дарко, велат дека глетката била морничава.

Пламените јазици веднаш ја зафатиле куќата, посебно поткровјето, кое нешто подоцна се срушило и не можеле ништо да сторат. Таткото, Томе, кој случајно ја преживеа трагедијата, буквално гледал како пламените јазици ги голтаат безживотните тела на својот син Дарко и на сопругата Фатма, но не можел да помогне.

Како и тој, беспомошни биле и пожарникарите на битолската противпожарна единица, кои и покрај сите настојувања никако не можеле да го изгаснат пожарот и да ги спасат мајката и синот.

Потресен од трагичниот настан Томе задушувајќи се во солзи говореше пред насобраните луѓе.

– Само чудо ме спаси и јас да не изгорам во пожарот. Но камо и јас да изгорев. Вака како ќе живеам јас сам натаму, без мојот Дарко и без сопругата Фатма. Кога беа живи, поради болеста што ме надвладеа, тие се грижеа за мене. Сега кој ќе ме гледа мене. За мене повеќе нема живот на овој свет. Му се молам на господ и мене да ме земе, во плач говореше Томе, пишува весникот.

Според него сѐ се случило во еден миг. Додека тие биле во длабок сон наеднаш трошната кука ја зафатил пожар, кој брзо се проширил. Тој веднаш рипнал од креветот и почнал да бара помош. Иако соседите, кои се разбудиле по неговите лелеци, се обиделе да помогнат ништо не можеле да сторат. Пожарот буквално ја голтнал куќарката. Кога пламените јазици ги зафатиле гредите од таванот истиот тој се срушил, а под него останале беспомошните јагленосани тела на неговата сопруга и на синот.

Повеќе прочитајте ТУКА.

Коронавирус