сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 27
home Вести

Исплатата на пензии и откупот на грозјето на дневен ред на владина седница

Исплатата на пензии и откупот на грозјето на дневен ред на владина седница

Владата денеска во 12 часот ќе ја одржи 5-тата седница, на која ќе бидат разгледани повеќе точки од интерес на граѓаните.

-На седницата, на предлог на Министерството за економија ќе биде разгледан Предлог-законот за општа безбедност на производите. На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред за разгледување е и Информацијата за состојбата на откупот на грозје од реколтата 2020, како и Информацијата за исплата на пензии, за септември 2020 година, подготвена од Министерството за труд и социјална политика, информираат од Владата.

По завршување на седницата ќе бидат соопштени заклучоците од истата.

Коронавирус