сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Искуството ги вознемири граѓаните: Заев „патриотски“ застана против федерализација на Македонија?!

Искуството ги вознемири граѓаните: Заев „патриотски“ застана против федерализација на Македонија?!

Поведени од претходното горко искуство, граѓаните се видно вознемирени по најновата објава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој овојпат јавно и без посебна провокација проговори контра федерализацијата.

Заев на својот Фејсбук профил напиша дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило и оти обидот да ги заплашат граѓаните со федерализација е, како што посочува, доказ дека губат. – „Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Повторниот очаен обид да ги заплашат граѓаните со федералзиација е доказ дека губат! Да излеземе на гласање и силно да ги поразиме на 15 јули“, напиша Заев на ФБ.

Проблемот е што секогаш кога Зев декларативно брани нешто, потоа испаѓа дека истото се остварува. Така беше со не/промената  името, со Уставот, со двојазичноста. Подготвува ли нешто ново Заев сега на полето на федерализацијата на Македонија. Оваа негова објава на „ОДБРАНА“ контра федерaлизацијата, граѓаните ја гледаат и прифаќаат како спротивно дејание на лидерот на СДСМ.

На страна што видното брзање во пораката со тотална правописна утка во зборот „федералзиација“ покажува дека некој на екс Бихаќка е во голема паника за она што следува на 15.јули.  И се почестото спомнување на зборот „патриотизам“ од Зоран Заев во претходните објави и настапи на митинзите, истиот збор за кој тој лично напати призна дека воопшто не им прилега, во комбинацијата со паничниот говор на телото, за познавачите на состојбите е уште еден репер дека политичкиот давеник се фаќа за сламка.

Граѓаните се потсмеваат со неговата претходна објава на ФБ, во која тој ветува правда за сите, како дел од неговиот „патриотизам“:

„Како што покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност, страст и сила ќе донесеме правда и владеење на правото за сите.“ вети трипати аболираниот Заев, кој во последната бомба за Мијалков, признава дека тој му го затскрил и забошотил криминалот во општина Струмица.

На страна, што некој треба да го научи на вистинското значење на зборот ПАТРИОТИЗАМ, кој дефинитвно не значи газење нанационалните светии, понижување на нацијата, распродажба на историјата и ставање во подредена улога на својата држава.

Коронавирус