четврток, 15. април 2021. Вести денес: 161
home Вести

Искористете го топлото време со натпросечни температури до сабота – од недела следува пад на температурите

Искористете го топлото време со натпросечни температури до сабота – од недела следува пад на температурите

Натпросечното топло време ќе се задржи до сабота, по што метеоролозите најавуваат намалување на дневните темпратури за шест до осум степени.

Утре максималната температура ќе се движи од 14 до 20, задутре од 15 до 20 степени, во сабота од 15 до 23 степени, во недела ќе се спуштат дневните температури и ќе се движат од осум до 16 степени, во понеделник од 7 до 13 и во вторник од 7 до 14 степени.

Од УХМР информираат дека продолжува периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени. Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење
на снежната покривка на планините. (МИА)

Коронавирус