недела, 24. септември 2023. Вести денес: 27
home Вести

Исеини: Владата нема капацитет во реализација на капиталните инвестиции

Исеини: Владата нема капацитет во реализација на капиталните инвестиции

По повод денешната средба меѓу премиерите на Македонија, Србија и Албанија и најавата за триаголна економска соработка, во вечерашната емисија „Вин Вин“ на Телма телевизија дебатираа Даниела Арсовска претседателката на Сојузот на стопански комори, Антони Пешев, претседател на Собрание на стопанска комора на Македонија и Дрилон Исеини, претставник на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Соговорниците констатираа дека освен што овие земји треба да соработуваат, но, и треба одвнатре да бидат одговорни и плановите да си ги обавуваат. Според нив, се чини дека во овој триаголник, Македонија како да станува некаков инфраструктурен вишок и се чини дека некако коридорите се изместуваат, а Македонија е во некаква лимбо ситуација.

-Еве на пример, Косово си го заврши својот дел со изградбата на автопатот, а кај нас има застој. Ние заостануваме во делот на капиталните инвестиции. Имаме рекордно неискористување, односно нереализација на капиталните инвестиции. Ние сме некаде околу 30 отсто од планираните, тоа кажува дека владата или нема капацитет во реализација или нема капацитет во планирање, истакна Дрилон Исеини.