сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 40
home Вести

Исчкртана вратата на Каракамишева: Јас сум над многу сценарија, над многу планови, над сите безрбетници и кукавици

Исчкртана вратата на Каракамишева: Јас сум над многу сценарија, над многу планови, над сите безрбетници и кукавици

Не знае човек дали да се смее, или солзи да рони!

Пленумци кога беа во полн платенички ек ме нарекоа ФАШИСТ!

Се сеќавате ми упаднаа на предавање, ми влегоа во кабинет, ми се обраќаа дрско и безобразно, ме навредуваа и омаловажуваа..

ИЗДРЖАВ СЕ, ИЗДРЖАВ СИЛНО, ДОСТОИНСТВЕНО И НА НИВО НА ПРОФЕСОР СО СВЕТСКА РЕПУТАЦИЈА!

Сега, од оваа временска дистанца гледам колку сум била ГОЛЕМА, колку не успеаа да ме испровоцираат, иако намерата им беше таа, колку нарачателите на студентскиве буцкачи НЕ УСПЕАА ВО НИШТО ОД ПЛАНИРАНОТО!

Од моја страна имаше СТАМЕН, ДОСТОИНСТВЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН однос!

Немаше кривични пријави иако полицијата ми сугерираше КРИВИЧНО да ги гонам сите студенти!

Немаше никаков реваншизам од моја страна, сите што знаеа положија некои од нив со високи оценки, ама кога ги земаа оценките СРАМОТ им беше голем! Сите излегоа со наведнати глави!

Наравоучение-па да, можев и поинаку, можев да бидам Фросина, можев да ги победам на Суд, можев да ги избркам од факултет, ако сакав!

Ама НЕ САКАВ НИШТО ОД ТОА! Зошто, ќе ме прашате сигурно?

Затоа што проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска е НАД многу сценарија, НАД многу планови, НАД СИТЕ БЕЗРБЕТНИЦИ И КУКАВИЦИ!!!

Коронавирус