понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

Исчезнатата малолетничка од Гостивар се пријавила во полицијата, заминала кај момчето

Исчезнатата малолетничка од Гостивар се пријавила во полицијата, заминала кај момчето

Во Полициската станица Гостивар денес околу 12 часот се самопријавила малолетничката со ненаполнети 16 години, која на 7-ми овој месец беше пријавена како исчезната од нејзиниот 50-годишен татко И.П.

-Малолетничката од околната гостиварска населба Фазанерија, утрото околу 9 часот се оддалечила од домот и заминала кај машко лице со кое била во љубовна врска, исто така, малолетник, информираат од СВР Тетово.

Минатата година, на поширокото гостиварско подрачје биле пријавени вкупно 27 исчезнати лица, во најголем број малолетни женски лица.

Сите пријавени, по извесно време се пронајдени, со напомена дека две лица се соочувале со сериозни психички растројства, а поради што со или без знаење на најблиските ги напуштале домовите во кои живееле.

Коронавирус