сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Вести

Исчезна дебарчанец, последен пат бил виден во ресторан покрај брегот на Дебарско Езеро

Исчезна дебарчанец, последен пат бил виден во ресторан покрај брегот на Дебарско Езеро

Од Секторот за внатрешни равботи во Охрид информираа дека е пријавено за исчезнато лицето К.Ј.(54) од Дебар.

Исчезнувањето го пријавиле негови роднини, кои со него немаат контакт од вчера. Последен пат е виден синоќа околу полноќ во ресторан покрај брегот на Дебарско Езеро.

Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност-Дебар, како и граѓани го пребаруваат теренот покрај брегот на езерото и пошироката околина.

Роднините обавија и фотографија и телефонски број и на социјалната мрежа фејсбук со цел да добијат каква било информација, која би помогнала во неговото пронаоѓање.

МИА