четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 162
home Вести

ИРЛ: Мистериозниот пат на добитникот на тендерот за хеликоптерски услуги во Итната помош

ИРЛ: Мистериозниот пат на добитникот на тендерот за хеликоптерски услуги во Итната помош

ИРЛ открива што засега знаеме за тендерот за приватизација на хеликоптерските услуги за итна помош и спасување. Но, она што е важно за јавниот интерес е она што не го знаеме, а Владата се уште не го кажува, пишува ИРЛ.

Која е скандинавската компанија која што аплицирала на тендерот заедно со домашната Сархмес, како и кои се другите фирми кои побарале тендерска документација, но не аплицирале. Тендерот се спроведуваше под будното око на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Осум фирми се заинтересирале, пет подигнале тендерска документација, а само една од нив се пријавила на тендерот за формирање на јавно приватно партнерство со современа организација-платформа за хеликоптеркиот итен медицински систем и хеликоптерски услуги за спасување и пребарување, односно Хемс и Сарс (воени и медицински хеликоптери). Тендерот беше меѓународен, а го доби единствениот понудувач – скопската фирма “Сархемс Дооел”, основана 24 дена пред да се објави меѓународниот тендер, пишува ИРЛ.

По извршената постапка на евалуација и оценување, се утврди дека пријавената компанија ги исполнува условите наведени во тендерската документација и јавниот повик, по што се донесе одлука за избор на најповолна понуда за доделување на договор за воспоставување на ХЕМС и САР во Република Северна Македонија. Договорот за јавно-приватно партнерство се склучува за период од 8 години, вели Владата во одговорот доставен до ИРЛ.
ИРЛ праша во Владата како новоформирана компанија од Скопје го добива тендерот со оглед на тоа што не е возможно да ги исполни критериумите бидејќи нема историја на работа во оваа област. Од друга страна, пак, премиерот Зоран Заев рече дека оваа фирма соработува со скандинавски фирми, но за да учестуваат на тендерот морале да отворат фирма во Скопје. Новинарите на ИРЛ долги години работеа на истражувања поврзани со јавни приватни партнерства, како Дрисла и Државната видео лотарија, на пример.

Имено, за да аплицира меѓународна компанија мора да биде регистрирана во Централниот регистар на РСМ, одговорија од Владата. Овој пропис репортерите на ИРЛ не можеа да го пронајдат во законите и правилниците на земјата.
Согласно македонските закони, фирмата којашто нема искуство може да настапи во конзорциум со друга фирма. Тендерската комисија во овие случаи ги оценува критериумите на конзорциумот од две фирми. Во превод, без разлика што Сархемс не ги исполнува критериумите, доволно е нивниот партнер во конзорциумот да ги исполни. Нејасно е зошто иако тендерот е меѓународен, фирмата морала да се пријави со компанијата во Скопје. Во овие случаи, дури откако добитниците на тендерот ќе беа познати, тие формираа фирми на територијата на Македонија.

Многу заинтересирани, само еден пријавен на тендерот

ИРЛ праша во Владата да ни одговорат кои се другите фирми кои што аплицирале на овој тендер. По денови натегања и постојани телефонски повици да ни бидат одговорени прашањата, од Владата ни одговорија дека имало осум заинтересиани компании, тендерска документација подигнале пет, додека само една се пријавија. ИРЛ посака да поразговара и со другите заинтересирани со цел да дознаеме зошто се премислиле да аплицираат на тендерот со којшто осум години ќе стопанисуваат со оваа дејност, но Владата одби да одговори.

Од Гетеборг до Пролеќе

Компанијата е регистирана на адресата улицата Пролет 31 во близина на полициската станица Пролет или едно од најстарите скопски маала – Пролеќе. На истата адреса има повеќе фирми, како и индивидуални домови. Една од нив е и адвокатската куќа “Константинович и Милошевски” која што ја регистирала компанија “Сархемс” во Скопје.

На старата скопска улица Пролет се наоѓа скромна станбена куќа на два ката, која по ништо не се разликува од останатите соседни куќи. До заклучената дрвена порта има само едно копче за домофон на кое може да се заѕвони, она на адвокатската канцеларија “Константинович и Милошевски”.

Репортерите на ИРЛ Давид Илиески и Деница Чадиковска зазвонија на домофонот. Без одговор од другата страна, портата се отвори. На првиот кат влеговме во адвокатските канцеларии каде бевме пречекани од вработените. Ни објаснија дека единствената фирма која во моментов работи на оваа локација се самите тие, а фирмата “Сархемс” ја регистрирале на својата адреса како нивни застапници.\

Целиот текст на ИРЛ можете да го прочитате тука.

Коронавирус