среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 157
home Вести

Интервју за КУРИР со д-р Арсова: Жените да внимаваат со косата, а мажите со брадата – и вака може да се пренесе коронавирус

Интервју за КУРИР со д-р Арсова: Жените да внимаваат со косата, а мажите со брадата – и вака може да се пренесе коронавирус

Во тек на пандемијата со коронавирусот треба да одбегнуваме често доприање на косата заради можноста на задржување на Ковид-19 на влакното. Истото важи и за мажите кои имаат брада. Миењето на косата и брадата треба да биде дневна рутина за да го деактивираме вирусот.

На овие теми во интервју за КУРИР разговараме со трихологот д-р Елена Арсова, сопственик на Hair Clinic Beograd. 

Се пренесува ли Ковид-19 на косата? 

Д-р Арсова: Дефинитивно Ковид-19 може да се пренесе на косата, со допир или по пат на капки во воздухот. На пример, додека чекаме во ред во маркет може да ја местиме косата со прсти откако сме допирале разни производи. Исто така, ако во наша близина потенцијално заразен кашла или кива, преку капките во воздух може да падне вирусот на нашата коса. Неопходно е да се воздржиме од често допирање на косата и да држиме дистанца од другите на 2 метра додека сме во ризична средина.

Дали тоа значи дека треба секогаш да ја миеме косата откако ќе излеземе надвор од својот дом?

Д-р Арсова: Освен што треба редовно да ги миеме рацете, задолжително треба да ја миеме и нашата коса, доколку сме биле излезени. Поради тоа што секој од нас несвесно ја допира својата коса и тоа релативно често, се зголемува можноста за пренос на вирусот од косата на лице. Кај мажите препорачувам секојдневно миење на косата доколку излегувале, а кај жените може и секој втор ден, ама денот кога не ја мијат косата, да ја врзуваат за да не биде во контакт со лицето.

Колку коронавирусот “преживува“ на косата?

Д-р Арсова: Коронавирусот ни е познат само неколку месеци, така што немаме доволно информации за неговиот капацитет на преживување. За сега е познато дека може да остане активен во воздухот неколку саати, а на различни површини до неколку дена. Иако уште нема точни информации околу тоа колку долго може да опстане на косата, но факт е дека може да преживее на влакното, пократко отколку на мазни површини. Сепак, вирусот може да се пренесе од коса на лице, нос или очи на два начини: кога прамените коса ни паѓаат директно на лицето или кога со прстите ја допираме косата, а потоа лицето, носот или очите, Вирусот најчесто се пренесува преку прсти, бидејќи во текот на денот со прстите допираме најмногу површини, несвесно, а потоа своето лице.

Каков шампон е адекватен за да го уништиме Ковид-19 на влакното?

Д-р Арсова: Кога бирате шампон за вашата коса, треба да го проверите дали содржи SLS (Sodium Laureth Sulphate), кој е одличен сирфактант. Сурфактанти се молекули кои имаат амфифилни својства, односно врзуваат и масти и вода. На пример, ако во еден сад ставиме масло и вода, тие нема да се помешаат. Но, ако додадеме детергент, сапун или шампон, ќе дојде до дисперзија на маслото, затоа што амфифлите фактички го разградуваат маслото на мали честици. На ист начин и шампонот или сапунот го дезинтегрираат вирусот. Ковид-19 има маслена обвивка, па шампонот буквално ги разградува масните компонентни на вирусот и го раздвојува на мали честици кои водата ги испира од косата. 

Освен на косата, Ковид-19 исто така и на брадата се задржува?

д-р Арсова: Поради хипстерскиот тренд, многу мажи носат подолга брада. Наједноставно е брадата да се избричи или да се мие секојдневно. Исто така, интересен факт е дека многу од мажите ја избричија и својата глава.

Која е вашата препорака?

Д-р Арсова: Препорачувам да се придржувате на препораките на надлежните, и да останете дома, редовно да ги миете рацете и секако косата, да ги дезинфикувате редовно предметите кои често ги допирате како и работните површини. И секако, бидете солидарни затоа што солидарноста е единствен третман за коронавирусот во овој момент.

Најнови вести

Локални избори 2021