недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Интервју со Ердоган Сарач: Силјановска Давкова како претседател ќе биде почитувана и во Македонија и од меѓународната зедница

Интервју со Ердоган Сарач: Силјановска Давкова како претседател ќе биде почитувана и во Македонија и од меѓународната зедница

Наместо да владее правото и во функција да е правната држава, за жал гледаме политички реваншизам, со скандалозни судски пресуди и обвинувања, затоа на овие претседателски избори треба да победи Силјановска која меѓудругото ќе обезбеди рамноправен третман за сите без разликана етничка, политичка припадност, вели Ердоган Сарач од Движење на национално единство на Турците.

Во интервју за КУРИР, тој зборува за актуелните состојби во земјава, политичката ситуација, претстојните претседателски избори…

КУРИР: Како ја оценувате ситуацијата во земјава, се случија низа на настани?

Сарач: Состојбите во земјава општо речено е загрижувачка. Наводно поради  зачленување во НАТО и ЕУ се случија настани кои никогаш нема да се одобрат од мнозинството на граѓаните во земјата. Со уцени, закани, подмитувања и притисоци од невидени размери се смени Уставот на земјата со цел измена на уставното име на Република Македонија. И покрај јасната порака на мнозинството на реферерендумот од 30 септември 2018 година, власта газејќи  го Уставот и законите во земјата го реализиреше барањата на Грција предвидени во Преспанскиот договор. Наместо да владее правото и во функција да е правната држава, за жал гледаме политички реваншизам, со скандалозни судски пресуди и обвинувања. Наместо да се врати довербата во институциите на системот, сега довербата е потполно разнишана со тешки последици по сите слоеви во земјата. Економски, правно, административно нижиме  резултати кои длабоко отстапуваат од саканите и бараните реформи во земјата. Освен условно речено на меѓународен план, наводно поради создадени позитивни меѓудржавни односи на домашен терен владата нема покажано ништо од тоа што ветуваше. Од тука нема ништо позитивно во работата, младите бегааат, а владата нема одговор за ваквите сосотојби во земјата.

КУРИР: Кое е вашето видување, колку Турците во државава се задоволни од актуелните политики?

Сарач: Перманентно се движам таму каде што Турците  распрскано живееат во Македонија. 21 век немаме патишта, училишта, амбуланти, вода и се што е услов за нормален живот. Властите собено сега воопшто немаат време за Турците. Имаме поплаки во однос на селективно однесување по однос на субвенциите во сточарството, лозарството и одгледување на мали и големи грла. Можам да набројам примери со име и презиме, но не сакам да ризикувам тие да бидат дополнително казнети од страна на властите. Оваа влада нема никаква политика према Турците во земјава и тие се длабоко разочарани, а имаа големите очекувања.

КУРИР: Претстојат претседателски избори, каква кампања очекувате, или според вас, на што треба да се стави акцент со оглед на проблемите кои ги наведувате?

Сарач: Во интерес на европската иднина на Република Македонија очекувам фер, демократска и коректна кампања. Но, друго е нешто да очекувате, а сосема друго е дали државата има капацитет да организира избори по европските критериуми. Акцентот мора да се стави на демократска консолидација на земјата и правната држава.Единствено засолниште за нас Турците е да владее правото и вербата во институциите на сиситемот. Ако институциите на системот не се во можност да ги извршат своите професионални функции и не бидат сервис на граѓаните тогаш, раслојувањето на општетвото ќе продолжи на штета на сите нас, без разлика на која нација, вера или политичка опција припаѓаме.

Имајки го во предвид начинот на владеење на оваа гарнитура на власт, сигурен сум дека граѓаните верувајки во нивната зрелост и политичка култура ќе гласаат за кандидат кој се бори да ги заштити внатрешниот поредок и владеење на правото со почитување на Уставот и законите на Република Македонија.

КУРИР: Кои се вашите очекувања од изборите, или ваша прогноза кој би победил?

Сарач: Според анализите што  ги спроведуваме сигурни сме дека Гордана Силјановска Давкова ќе победи како авторитет и ќе биде почитувана како внатре во земјата така и надвор од земјата. Неоспорен авторитет од областа на правните науки, мудроста и вербата во Република Македонија е гаранција дека успешно ќе ја води оваа функција и ќе обезбеди услови за обедиунување и почитување на различните мислења. Исто така длабоко верувам дека со аргументирани и врз основа на право засновани погледи ќе ја спаси Македонија од поделби и ќе обезбеди услови за рамноправен третман на сите национални заедници во земјата без фафоризирање.

Коронавирус