понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 66
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Интервју со Дина Муцунска: 2020 е изгубена година за туризмот- сите сме на раб на опстојување или пропаст

Интервју со Дина Муцунска: 2020 е изгубена година за туризмот- сите сме на раб на опстојување или пропаст

Семејството на Дафинка Дина Муцунска е едно од малкуте во нашата држава кое веќе две децении упорно инвестира во хотелиерсвото и туризмот иако и сама е свесна дека тоа е сектор со убедливо најдолг рок на повраток на инвестициите. Поради ваквиот факт најголем дел од бизнисмените кои се инволивирани во туризмот својот развој но и општо работа веќе со децении го базираат на кредити. Но што да се прави во ситуација како денешната во која нема никакви ниту теоретски услови да се сервисираат огромните кредити на хотелиерите? Одговор на ова и уште многу други прашања поврзани со кризата и туризмот ни дава Муцунска во интервју за Фокус.

ФОКУС Во јавноста постои перцепција дека сите околни па и Европски држави прават многу повеќе за спас на туристичкиот сектор кој дефинитивно беше најпогоден од оваа криза. Дали е тоа така и во праксата? Дали навистина туризмот како сектор е оставен сам на себе? Каква е состојбата со кредитите кои во голем процент ги имаат сопствениците на хотелите?
МУЦУНСКА Дозволете ми најпрво да ве воведам во ситуацијата на туристичкиот сектор кој навистина е најпогоден од Ковид 19 кризата. Таа се рефлектираше не само со тотален прекин на работата на операторите кои се вклучени во туризмот, туку и со откажување на се што имаа „сработено“ во 2019, односно резервациите, продадените и договорените аранжмани за цела 2020. Штетата е огромна. Во повеќето од 90% случаи се работи за микро и мали бизниси, кои се и често семејни, каде не остануваат залихи, па се земаат кредити за подготовка за сезоната, кои се враќаат по реализација на планираното, односно:

– хотелиерите имаат големи инвестиции: во подготовка, градење, реновирања, редовно одрржување на сместувачките капацитети, во сезона со помала фреквенција држат и плаќаат поголем број вработени од потребата за да можат да бидат на нивните работни места во високата сезона, во посета на саеми за продавање на сместувачките капацитети…

– тур-операторите и туристичките агенции однапред инвестираат во: обврзувачки договори со копнените и авио-превозниците, закупени хотели, сместувачки капацитети, екскурзии, за посета на саеми низ светот и сите пропратни и промотивни материјали, активности и контакти, на кој начин воглавно ги продаваат своите производи…

– превозниците веќе инвестираа во купување и подготовка на превозни средства, разни дозволи и осигурувања, контакти…

– се инвестираше и во туристички водичи, атракциите, екскурзиите, содржините за забава, рекреација и релаксација, во нивната подготовка, оддржување, приодите до нив се обновуваа…

Знам дека многу од ова ви звучи минорно, но всушност да почнам се да набројувам, на моето излагање ќе му нема крај. Реалноста е дека туризмот е многу комплексна гранка, вклучува многу оператори и многу човечки ресурси, бара исполнување на многу процедури и стандарди, бидејќи безбедноста и квалитетот на услугата се најважни за понатамошно опстојување на пазарот, а сето тоа чини многу, многу средства. Ние веќе сме во третиот месец во кој работата на сите од овој сектор е сведена на 0% приход, со однапред земени кредити за инвестиции, бројни расходи кои си течат, нови долгови кои се создаваат врз база на обврзувачките договори. А болната страна на приказната е тоа што се до крај на годината, независно од тоа дали или не, ќе постои здравствена криза, кризата во овој сектор ќе се продлабочува, бидејќи како што кажав групните резервации како странски, така и домашни, кои се најголемиот обем од работата, до крај на годината се откажани, а нови поради тековната ситуација не се очекуваат или ќе се во многу мал обем, како и индивидуалните посети.

Целото интервју со Дина Муцунска може да го прочитате ТУКА

Коронавирус