петок, 10. јули 2020. Вести денес: 174
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Интервју на Мицкоски за КУРИР: Заев наликува на политички очајник, се обидува да преживее жртвувајќи ги соработниците и граѓаните

Интервју на Мицкоски за КУРИР: Заев наликува на политички очајник, се обидува да преживее жртвувајќи ги соработниците и граѓаните

Нема дилеми, Зоран Заев е подготвен на се’ за да си обезбеди каков-таков политички спас и помал пораз на изборите, вели во интервју за Курир претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Им порачува на СДСМ и на нивниот лидер дека се политички готови, но апелира и до граѓаните да не потпаѓаат на пропагандата од кујната на владејачката партија која секогаш се засилува сразмерно со губењето на позициите и гласовите. Признава дека се плаши, но само и единствено за животите на граѓаните кои би ги ризикувале со избрзани избори стокмени по ќефот на Заев.

Мицкоски во однесувањето на политичкиот опонент гледа несмасна доза на некрофилија, лик кој честопати се однесува незрело и изгледа како очајник кој што панично се бори да преживее политички и по цена на животите на најблиските соработници.

Лидерот на опозицијата во интервјуто за Курир човечки ги советува и замолува луѓето кои што се дел од тимот на Заев да внимаваат на сопственото и на здравјето на нивните партиски активисти, како и на здравјето на граѓаните, бидејќи животот, како што вели Мицкоски, нема цена.

На прашањето на новинарот Љупчо Цветановски, зошто за СДСМ секогаш и за се’ се виновни само тој и министерот Наќе Чулев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тоа е дел од нивниот извртувачки фолклор и стратегија во која за сопствените неуспеси на експонентите на екс Бихаќка, секогаш се виновни граѓаните и опозицијата.

Избрзаното укинување на мерките со цел создавање розова слика за избори, Мицкоски го оценува као трагично, неодговорно и непрофесионално и за жал на огромна штета врз здравјето на граѓаните и интересот на Македонија како држава.

 

Цветановски: Г-не Мицкоски, додека Македонија се соочува со грозоморен број заболени од коронавирус, СДСМ секое утро, без промашување, го почнува со Вас и со тема поврзана со Вас. Најчесто, во повеќе наврати повторуваат дека се плашите да одите на избори. Точно ли е, се плашите ли и, ако е точно, зошто толку се плашите од „успесите“ на Зоран Заев?

Мицкоски: Јас тоа би го окарактеризирал како авто-сугестија. Тоа што вие го чувствувате се трудите да го префрлите кај соговорникот за да прикажете практично дека вашето чувство е чувство на соговорникот. Единствен кој што денеска треба да се плаши и да биде загрижен во Македонија за тоа што изминатите три години ги поминавме од пандемијата која го носи името на ова раководство на СДСМ и Зоран Заев е токму Зоран Заев.

Напротив, јас можам да кажам дека не само што не чувствувам страв од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, туку сум сигурен дека Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи и нив и нивната коалиција на парламентарните избори, кога и да се случат, заедно со сето нивно обвинителство, со сето нивно судство, со целиот притисок кој што го прават и врз граѓаните и врз институциите, со сите оние злоупотреби, куферчиња, обиди за поткуп и тука нема никаков проблем. Тоа треба на сите да им е кристално јасно.

Но единствената работа која што мене ме плаши и за која што сум загрижен е дека една ваква авантура која што сака СДСМ да ја имплементира во нашата држава практично може да доведе до енормно зголемување, еве да се изразам со речникот на медицинарите, на нови кластери на луѓе кои што ќе бидат инфицирани од Ковид 19 вирусот, а тоа потоа тоа да имплицира и дополнителни загубени човечки животи.

И тогаш се поставува прашањето дали вреди сето тоа? Јас лично мислам дека не вреди и тоа го кажав во една моја емисија дека не треба да бидам премиер ако една таква изборна трка значи дополнителна десетици или стотици или илјадници луѓе кои што ќе бидат инфицирани од Ковид-19 вирусот, или неколку десетици човечки животи ќе згаснат поради политичари кои што се неодговорни. Така што да го сумирам одговорот на вашето прашање, во СДСМ имаат еден огромен страв од поразот кој што ќе им се случи бидејќи практично тоа ќе биде пораз кој што ќе значи одговорност за нив и таа авто сугестија се обидуваат да ја пренесат кон ВМРО-ДПМНЕ и останатите политички партии. Но јас само ќе им порачам и на Зоран Заев лично и на СДСМ дека се готови.

 

Цветановски: Во денови кога имаме монструозен наплив на заразени, буквално рушиме неславни рекорди, а кај СДСМ половина од раководството или врхушката се во карантин, дел се и заразени – цела втора Изборна единица им е во карантин, Заев излегува и вели 5. јули е зацементиран датум. Дали 5. јули е зацементиран и на што се должи ова непопуштање на СДСМ и Заев? Зошто им се потребни толку брзи избори?

Мицкоски: Доколку би го анализирал ова што Вие ме прашувате тогаш навистина не можам да имам пологичен заклучок освен да кажам дека сакаат да има изборна трка која што всушност и нема да постои како изборна трка туку ќе биде тоа еден чуден начин, невообичаен начин на обраќање кон гласачите, со ниска излезеност  и на тој начин да го намалат практично поразот кој им е неминовен и потоа со одредена политичка гимнастика, својствена за Зоран Заев, да се обиде да опстане и да остане во политичкиот живот.

Единствено логично решение и единствен логичен заклучок доколку направам анализа на ова би рекол малку, помалку некрофилско однесување на Зоран Заев е тој кој што ви го кажав. Не би се чувствувал одговорен и не би бил одговорен, зборувам за лична одговорност, доколку знам дека половина од моето раководство се наоѓа во самоизолација и претстои тие лица да бидат утре заболени бидејќи периодот на инкубација знаете дека трае 14 дена, и во било кој ден од процесот на инкубација може да се констатира инфицирање практично на лицето кое што е во инкубација.

Најмалку што можам да направам е да преќутам овој период додека половина мои соработници се наоѓаат во самоизолација, да зборувам за избори, а притоа истите тие инсистирајќи на еден изборен процес ги втурнав во едно такво – би рекол параизборно или предизборни активности и како резултат на тие пара-предизборни активности тие луѓе денеска се во самоизолација, официјално некои се инфицирани и од Ковид-19, и јас се надевам и им посакувам на сите нив добро здравје, не сакам тоа да им се случи ниту на нив, ниту  на нивните семејства, бидејќи покрај нашите политички разлики ние сме пред се’ луѓе и треба така да размислуваме и да резонираме.

Така што навистина се чудам на овие изјави на Зоран Заев бидејќи остава впечаток на човек кој што во моменти незрело се однесува и не рефлектира позиции кои што би требало да ги рефлектира иден кандидат за претседател на Владата и изгледа како очајник кој што навистина се бори да преживее политички и по цена на животите на најблиските соработници.

 

Цветановски: Врхушката на СДСМ, нивните кандидати на листите, меѓу нив Лукаревска, Царовска и останатите беа директно меѓу народот делејќи плакати. Колку е парадоксално со плакат на кој што велите дека сте ја победиле короната да заразите луѓе со истата таа корона, ви текнува на оние старци кои што седеа во парковите и добиваа ливчиња од нив, не дај Боже да се заразат, но гледано од страна што стана со политичката одговорност во Македонија? 

Мицкоски: Политичката одговорност ќе дојде на темата гласање и тогаш граѓаните гласно ќе зборуваат која политичка опција ќе ја поддржат. Претпоставувам, имаат сопствена политичка стратегија како да ја тераат предизборната кампања итн. и претпоставувам дека дел од таа нивна стратегија е овој начин на рефлектирање на нивните позиции и одење до гласачкото тело како што тоа го правеа во периодот.

Јас не се изненадувам од начинот на измамничкото практично обраќање и рефлектирање на нивните позиции и ставови бидејќи тоа е карактерна особина на оваа раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев и тука немам што да додадам, ниту што да одземам. Не очекувам нешто ново, стратешко, алармантно, авангардно, визионерско, туку да се обидат со ситни измами, со некои купи-продај политики да анимираат што е можно повеќе подржувачи. Но она што го слушам од граѓаните, навистина ги доведува до згрозување однесувањето на нашиот политички противник, во случајот СДСМ, и мислам дека поддршката и онаа мала која што ја имаа, ако продолжат  на ваков начин да ја водат кампањата дека ќе изгубат, да не речам сум сигурен во сето тоа. Но она што би ги советувал како наш политички конкурент и противник, човек пред се’ е навистина дека треба да внимаваат малку повеќе и на другите, истовремено да внимаваат и на себе, затоа што животот нема цена, затоа што и еден човечки живот изгубен значи многу.

Јасно е дека во животот човек треба да биде одговорен, да носи стратешки одлуки, да прави работи кои што се од интерес за граѓаните и државата, но ова не е тоа. Ова не е игра и секој еден човек кој што живее помалку како последица на ваквото неодговорно политичко однесување значи многу, многу во негативна насока и затоа би ги советувал луѓето кои што се дел од тимот на нашиот политички противник, ве молам, внимавајте на вашето здравје, ве молам, внимавајте на здравјето на вашите партиски активисти и ве молам, внимавајте на здравјето на граѓаните, бидејќи животот како што кажав нема цена.

 

Цветановски: И покрај се и сите пропусти што ги имаше оваа влада за се секогаш им е виновен Наќе Чулев и Вие, така вели и Заев, Коста Петров, Филипче и останатите пи-арџии. Зошто сте Вие и Наќе Чулев виновни за се?

Мицкоски: Па повторно, тоа е дел од тој нивниот фолклор како стратегија, пи-ар, ќе ги обвинат граѓаните, ќе ја обвинат и опозицијата за нивните неуспеси. Одбрале таков начин да комуницираат со јавноста, претпоставувам дека тоа е некоја поширока нивна стратегија и да се обидат тоа што не е нивно да го извратат и на тој начин да го соопштуваат во јавноста. Никој не е виновен,  единствено е виновен, според Филипче, народот што не ги почитувал мерките, го цитирам.

И практично виновно е ВМРО-ДПМНЕ односно јас, и Наќе Чулев, и ако ме прашате зошто, навистина не би знаел да ви одговорам зошто е тоа така. Наспроти нив, јас можам да се заблагодарам на народот што беше трпелив овие два ипол месеци од рестриктивни мерки, ограничување на движењето, покажаа една навистина голема одговорност без исклучок на целата територија на Република Македонија. Дефинитивно, покажаа зрелост, различно од она што некои политичари во моментов ја манифестираа.

Јас тука сакам и на нив да им се заблагодарам и да се заблагодарам на сите оние кои што беа во првата линија во борба против Ковид вирусот, и кои што се’ уште се, и покрај тоа што од таму дознавам определени, би рекол, искуства, определени информации во каква состојба се наоѓаат медицинските лица. И навистина се преморени и борбата беше исцрпувачка, дека се истрошени, посебно сега кога мислиме ете дека оној прв бран кој што велеа дека е на заминување така барем е ситуацијата секаде во регионот, но кај нас сега што се случува е некој продолжен практично прв бран, и се’ уште не можеме да зборуваме за втор бран.

Но изгледа дека продолжувањето е многу посилно од она што се велеше пик во првиот бран кој што мислевме дека поминува. Бидејќи самите кажавте дека денеска имаме навистина една алармантна бројка на новозаболени, која што се лиферува како неофицијална во овој момент кога го правиме интервјуто. Но претпоставувам во текот на денот ќе биде потврдена и ќе биде бројка која што ќе биде најголема од почетокот на кризата па до денес.

И тогаш се поставува логичното прашање, оваа Комисија за заразни болести која што предлагаше мерки, која што предлагаше критики и итн. што правеше изминативе два ипол месеци? Што правеше Владата изминатите два ипол месеци? Бидејќи тогаш ни велеа ако ги примениме овие мерки ќе ја поразиме пандемијата, дури и излегоа на една спектакуларна  прес-конференција, ако се сеќавате, кога кажаа дека еве ја победивме пандемијата итн. за да неколку дена потоа, недела дена, 10 дена потоа ние денеска да имаме стотици пациенти кои што се заболени од пандемијата.

Навистина трагично, неодговорно, непрофесионално и за жал сето тоа е на штета на граѓаните и интересот на државата.

 

Цветановски: Еден факт, кој што само Заев го нарекува факт, е дека не може да има избори на есен затоа што пикот на заразата тогаш ќе бил поголем?! Со ова не се сложуваат епидемиолозите, ова е теорија на епидемиологот и од вчера докторот Заев кој што откри нови симптоми на Ковид – 19 како што е течењето на носот, но Заев предвидува дека тогаш пикот ќе бил поголем, па затоа сакал избори сега, буквално за еден месец нели, на 5-ти јули. Сега сигурно одиме на изборно самоубиство, септември е само прогноза. Знаејќи дека пикот сега е огромен, а според најновите резултати во низа и најстрашен досега, од каде таа Аврамејска подготвеност на Заев да оди така на избори, да ги жртвува и своите луѓе? Толку ли му гори под нозете?

Мицкоски:  Па, претпоставувам има причина зошто тоа така го прави, го коментиравме тоа во првиот дел од интервјуто. И претпоставувам дека си има сопствена политика и сопствени чекори кои што ги презема. Зошто така мисли дека е ќе потсетам дека најпрвин беше 14-ти ако не се лажам јуни, па 21 јуни, па 28, сега е 5-ти јули. И сега тука мислам дека нема повеќе разум, дека повеќе е инаетење. Зошто? Затоа што ќе рече јас попуштив од 14-ти на 21, 28, па сега нема да попуштам за 5-ти јули, затоа што тоа е крајниот датум, затоа што ако попушти за 5-ти јули, претпоставувам сигурно така размислува, еве ќе се покажам дека сум со слаб карактер, дека паѓам на притисок итн. И ќе држи и до 5-ти јули по цена на животите на неговите соработници, по цена и на животите на граѓаните.

Јас би го завртел одговорот во поинаква насока, разговаравме пред некој ден со еден од моите стратешки соработници кој што живее во Канада, доцент Андревски кој што е професор на Кралскиот Универзитетот, еден од најдобрите универзитети таму. Ние зборувавме за економијава, и за што после пандемијава. И човекот пренесе некои искуства кои што се случувале на американскиот континент, во некои други држави, анализи и итн. и дојдовме до заклучок дека два параметри се важни. Во процесот на борба против пандемијата, нели она што го велевме развлекување на кривата, а тоа е бројот на луѓе кој што го загубиле животот сведено на еден милион жители, второто е падот на економијата односно падот на БДП.

Зошто е тоа важно? Затоа што, ако вие аплицирате пререстриктивни мерки со кои што де факто вие ќе ги штитите голем  број на човечки животи, ќе ја растегнете кривата и практично вашиот здравствен систем ќе ја совлада пандемијата, тогаш пак ќе губи економијата. Односно, бидејќи аплицирате пререстриктивни мерки тоа значи комплетно затворање, немање производство итн. И тоа трае одреден период, и од кругот на владата велат добро јас сум подготвена еден, два, три, четири, пет месеци тоа да го истрпам но барем да знам дека сум заштитила што е можно повеќе луѓе. Да, не се заболат или пак ако заболат да се излечат, и што помал број на луѓе да ги изгубат свои животи. И вториот пристап е да имате низа на мерки и тогаш економијата практично да не почувствува никакви осцилации, но тогаш пак ризикот е поголем број на загубени животи.

Па некои влади, некои политичари кои што имаат визија и стратегија прават некое оптимално од овие две работи и носат и аплицираат такви мерки и така се однесуваат кон економијата. Еве што се случи кај нас, ние претпоставувам имавме некоја компилација на мерки која што кога требаше да се растураат политички памфлети и кога требаше ресорниот министер практично да биде излезот, тогаш беа добри.

И тогаш, практично на дневна основа се вршеше тортура врз гласачите, избирачите да ги почитуваат мерките и ние тогаш зборувавме за 10, 20, 30 инфицирани лица, едно или ниедно починато лице. И тогаш, нормално е, во една таква кризна ситуација, јавното мислење да биде фокусирано во насока на поддршка на владата. И тоа е политичкиот момент кој што се случува во теорија на политиката, тоа е така било така и праксата го потврдува и сл.

Посебно што во такви кризни моменти кога здравјето е во прашање, граѓаните вниманието го фокусираат кон медицинските лица и тогаш поддршката е безусловна. Ресорниот министер имаше поддршка од 80% ако се сеќавате, во еден период, чинам дека беше втората половина на април месец. Но од друга страна пак се затвори економијата, мерките кои што ги преземаа за економијата беа катастрофални и последиците полека, полека почнуваат сега да се чувствуваат и тогаш што се случи?

Тогаш почна политиката да доаѓа на сцена и тогаш наеднаш се заврти кормилото за 180 степени и рековме – сега веќе ја победивме пандемијата, не ни требаат вакви рестриктивни мерки почнуваме нели да заживуваме и тераме слепо изборен процес.

Што е ефектот? Ефектот е  денеска рекорден број на луѓе кои што  се заболени.  Е сега ние мораме на крајот од денот да ги класифицираме  работите со одговорност. Ние не можеме на ниво на филозофија да ги гледаме работите, ние мораме да кажеме кој е одговорен затоа што некој мора да биде одговорен што и покрај аплицираните два и пол месеца, што и покрај разрушената економија имаше посебно обраќање кон јавноста што се случуваше во април месец, еве само еден податок ќе ви кажам  – индустриското производство е паднато за 40%.

Има уште многу други параметри што ќе ги коментираме, но само индустриското производство   во април е паднато за 40%, тоа ќе биде и во мај и тоа ќе биде и во јуни.

Сега поминавме ние два и пол месеци во силни рестриктивни мерки, ја уништивме економијата, не донесовме никаква поддршка за економијата, од друга страна гледаме дека сме апсолутни рекордери во регионот по бројот на заболени, апсолутни рекордери по бројот на лица кои што ги загубија животите  и гледаме дека практично сето она што претходно се аплицираше не вроди со плод, туку напротив доби контра-ефект и сега наместо ние да зборуваме за одговорност, да ја видиме, да ја лоцираме таа одговорност, да ги видиме грешките каде биле, да ги поправиме, ние велиме – не, дополнително ќе ја влошуваме ситуацијата втурнувајќи ги во едно непромислено сценарио сите граѓани жртвувајќи ги нивните животи, жртвувајќи ги животите на активистите, на најблиските соработници, зошто? Во обид да се спаси еден човек од одговорност. Мислам дека тоа е неодговорно.

 

Цветановски: Го спомнавте моментот на доаѓање на политиката на сцена, беше очигледно дека тоа се случи и тоа резултираше со потези кои што сега Владата буквално признава дека ги згреши. Комисијата за заразни болести го враќа полицискиот час за одредени градови, ЈСП го поништи враќањето на бесплатните денови за старците во автобус, па и дури и Филипче призна дека доколку знаеле дека ќе биде вака, а очигледно не знаеле, немало да ги отворат кафаните, што повторно е признание  дека тие буквално не знаат што прават на моменти. До кога со ова пиши-бриши политика?

Мицкоски: Точно таа пиши-бриши политика очигледно дека во овие услови, со овој капацитет на луѓе кои што се во техничката влада ќе мора да потрае уште некое време бидејќи во спротивно дополнително ќе ги изложиме на ризик животите на граѓаните и потоа ќе треба да живееме со тоа. Јас често пати зборувам дека ја разбирам реалноста која што сака да ни ја претстави владата дека ова е реалноста со која што ќе живееме и никој не вели дека овој вирус преку нок ќе исчезне. Но истовремено јас не можам да прифатам стотици заболено и неколкумина починати на дневна основа дека ќе биде мојата реалност, одбивам таква реалност да прифатам.

Да, да беше реалноста како она ја имаме во Словенија, она што е во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, еве сите овие земји во опкружувањето имаат таква реалност и многу нормално ние зборуваме за 1, 2 или 5 лица на дневна основа инфицирани и ниту еден починат, со таква реалност да се слагам веднаш да почнеме кампања за изборите и да одиме на избори и да ги поразиме бидејќи за мене е поштетна и најштетна пандемијата наречена ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, бидејќи тие практично ја целерираат пандемијата Ковид-19, да три месеци потоа тие ја ексцелерираат таа пандемија и практично нејзината сила сега во полн интензитет ние ја чувствуваме кога броиме, денеска еве ќе се повторам уште еднаш – повеќе од 115 заболени и никој нема одговорност и повторно ќе кажам  во оваа држава одговорност е заборавен збор.

Никој не вели, чекај зошто ја донесовме одлуката да се воведе повторно бесплатниот превоз во јавното сообраќајно претпријатие на град Скопје. Дали поради таа одлука ние придонесовме голем број лица во поминатите години да бидат инфицирани и не дај Боже некој да загуби живот од тоа, сме го анализирале ли тоа што тие луѓе  нам ќе ни бидат експеримент, па не можеме така да се однесуваме.

Тоа се човечки животи, не мора стратешки да преминеме на овие работи, за да една недела потоа речат згрешивме, ја враќаме назад старата мерка. Колкумина во меѓувреме жзаболеа, колкумина изгубија живот и кој ќе има одговорност, Караџовски, ресорниот министер, Спасовски, некој мора да одговара за оваа работа.

Еве, го обвинуваа господинот Чулев,  мене ме обвинуваат. Ние не сме одговорни за оваа одлука, ние не сме во тимот на Комисијата за заразни болести, ние не ги носиме одлуките на Владата, нема мнозинство. Кој ќе ги носи овие одлуки, одговорност за одлуките кои што како што вели ресорниот министер дека да знаевме дека вака ќе биде, немало да ги донесат.

Има ли институт одговорност, еднаш засекогаш, бидејќи нема затоа граѓаните повеќе не веруваат во политичарите, затоа што гледаат дека политичарите имаат поинакви интереси од оние кои што се интересите на граѓаните и се’ додека имаме такви политичари кои што се неодговорни или кои имаат поинакви интереси, различни од оние интересите на граѓаните, затоа поддршката кон институциите ќе биде ваква каква што е.

Мене ништо како политичар, како опозиционер не ми значи ако Филипче ја изгуби супстанцата или СДСМ ја изгуби онаа мала супстанца која што се’ уште ја има. Ако последиците бидат фатални и ако ние имаме енормно зголемување на инфицирани и починати лица, треба да живееме со тоа. Ако вие сте оптеретени  дека живеете со тоа, вие не ќе можете ниту да носете стратегии, ниту пак да имате поинаква визија за развој на државата.

 

Цветановски: Освен подготвеноста на Заев да ги жртвува луѓето  водејќи ги на избрзани избори, слушнавме и што им нуди на Бугарите, тоа беше она писмо до европските пратеници со кое значи дека на пазар, освен името кое што го продаде, сега на астал се и преостанатите три национални светии – јазикот, нацијата и историјата, но и спроведувањето на Преспанскиот, а тука се  флертовите со Албанците кои се очигледни. Сликата на УЧК и знамето станаа неминовен орнамент за Шеќеринска и Спасовски при нивните сликања. На што се’ се подготвени за да останат на власт?

Мицкоски: Мислам дека на се’, буквално на се’  кое што е надвор од   орбитата на неговото потесно семејство. Кога интересите на неговото потесно семејство се засегнати, тогаш имаме ДА,  за се’ друго е подготвен да преговара и да тргува буквално. И тука да немате дилеми не вие туку сите граѓани во Македонија дека тука нема крај, што и да кажува што и да соопштува сега  во што и да се колне сметајте  дека ако има и една минута шанса постизборно се’ ќе биде на пазарот, се’ ќе биде предмет на трговија со исклучок на интересите на неговото потесно семејство, е тука се крева гардот и тука се војува по било која цена.

Секој кој што има поразлично мислење од ова што јас го кажувам е жртва на пропагандата на СДСМ и Зоран Заев, а таа пропаганда ќе се засилува и затоа ги молам граѓаните да не бидат жртва на пропагандата на СДСМ и Зоран Заев. Ова се луѓе кои што изминативе три години навистина беа вистинска пандемија во нашата држава, да таа пандемија може да се порази на избори но на избори во кои што ќе можат граѓаните  слободно демократски да гласаат без притоа нивните животи и здравје да бидат изложени на ризик. Свесен сум јас дека поинаку не можеме да ги поразиме освен на избори. Но, да знаете и да немате дилема дека буквално секоја педа без разлика дали е  современа или историска секој атом на коренот наш македонски се буквално е предмет на тргување кај Зоран Заев. Тој е таков тип на политичар, таму не очекувајте стратегија таму не очекувајте визија. Таму денот се купува и се продава, таква е политиката која што за жал  ова раководство на СДСМ и Зоран Заев ја води изминативе три години. Јас би сакал да  грешам, јас би сакал да не сум во право, но, за жал, искуството со овие луѓе не води до таков заклучок дека ова што го зборувам е така.

 

Цветановски: Ви благодарам што   и во ова временевреме најдовте време и за нас и бевте дел од интервјуто на Курир.

Мицкоски: Ви благодарам на можноста и еве како последна порака до читателите и оние кои што ќе го читаат или гледаат ова интервју  на Курир да им посакам добро здравје, да се чуваат, бидејќи здравјето е најважно, само здрав човек може да направи многу работи, човек кој што за жал ќе го изгуби здравјето не е во можност да направи многу  за него, за  неговото семејство и за државата. За жал, однесувањето на владата е неодговорно и за жал, има политичари кои што неодговорно се однесуваат, но мојата порака е бидејќи имаме такви луѓе, вие самите гледајте да се чувате.

Парламентарни избори 2020